Романот „Разделба“ од Силвија Араси излезе од печат на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“, дел до „Арс Ламина – публикации“.
Отсуство. Што да се прави со тој празен простор, со таа тишина што обзема сè? Како да се издржат бесконечните секунди во кратките секојдневија, кога некој веќе не е присутен каде што секогаш бил? Едно утро, Лусија се буди и гледа во човекот што спие покрај неа – како и секое утро во последните петнаесет години. Но, во следните неколку часови, тој човек ќе биде нејзиниот поранешен сопруг и ќе го напушти нејзиниот кревет, нејзиниот дом, нејзиниот живот. Преку својата јасна и воодушевувачка проза, Силвија Араси нè вклучува во секојдневието на протагонистката, во нејзините емотивни состојби и нејзините спомени. Ликот на Лусија ќе го препознаваме секогаш кога отсуството ќе биде дел од нашите животи.
Книгата е достапна во сите книжарници „Литература.мк“, а онлајн може да се нарача на следниот линк.