Препорака за читање: Детскиот класик „Тајната градина“ од Франсес Хоџсон Барнет

Еден од најубавите книжевни класици за деца, „Тајната градина“ од британската авторка Франсес Хоџсон Барнет неодамна излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Тоа е една од книгите, кои секое дете треба да ги прочита.
Приказната, која е сместена на почетокот на 20 век, се движи околу десетгодишната Мери Ленокс, која по загубата на нејзините родители е пратена од Индија да живее на мрачниот имот на нејзиниот вујко во дивината на англиските мочуришта. Таа е осамена и нема со кого да си игра, но еден ден дознава дека некаде на имотот има тајна градина во која не смее да влезе никој. Тогаш Мери наоѓа еден стар клуч во една цветна леа – и налет на магија ја води до скриената врата. Полека го завртува клучот и влегува во свет за кој никогаш не си ни замислувала дека може да постои.
Првото издание на книгата било објавено во 1911 година, откако била објавувана како приказни во продолженија во „Американски магазин“. Важи за едно од најпопуларните дела на Франсес Хоџсон Барнет и еден од најчитаните британски детски книжевни класици на сите времиња. Романот повеќепати е адаптиран за филм и театар, а оваа година се очекува да излезе и новиот филм базиран на книгата, со Колин Фирт, Џули Волтерс и Дикси Егерикс во главните улоги, во продукција на тимот кој стои зад филмската верзија на серијалот за Хари Потер. Дејството е сместено во Англија, нешто подоцна од случувањата во книгата, поточно во 1947 година. Во очекување на филмот, препорачуваме ова лето да ја прочитате книгата, која е достапна во сите книжарници „Литература.мк“, а може да се нарача и онлајн, на следниот линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.