Уште еден нов возбудлив бестселер во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина ‒ публикации“. Трилерот „Што направи?!“ од ирската авторка Клер Мекгован е неизвесна приказна за довербата.
Требаше да биде совршено повторно обединување: шест пријатели од средно заедно по дваесет години. Домаќинката Али има живот каков што посакувала отсекогаш, кариера со која може да се гордее и прекрасно семејство со нејзиното момче од средно, сега сопруг. Но, таа вечер нејзината најдобра пријателка Карен искажува шокантно обвинение по кое ништо нема да биде исто. Кога Карен влегува од градината, крвава и повредена, тврди дека била нападната од сопругот на Али, Мајк.
Али мора да одлучи веднаш: кому да верува? На нејзиниот преплашен сопруг или на најдобрата пријателка? Мајк раскажува сосемa поинаква верзија на настаните, Али знае дека еден од нив лаже – но кој? И зошто?
Книгата „Што направи?” е достапна во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк: https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14129