НОВО: „Мала книга за Мерилин“ од Мишел Морган: Нека блесне твојата внатрешна Мерилин!

Книгата инспирирана од славната холивудска актера, „Мала книга за Мерилин“ од Мишел Морган излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина ‒ публикации“. Станува збор за водич за живот и оддавање почит на стилот, гламурот и моќта да забавува на најголемата холивудска икона. Ова издание нуди инспиративни лекции од Монро за денешните жени. Внатре ќе најдете: упатства за тоа како да изгледате како ѕвезда, совети за стил и каде да најдете парчиња облека во стилот на Мерилин, идеи за декорирање од нејзиниот дом и секојдневна инспирација од животот на актерката. Делото е збогатено и со сеќавања на обожаватели и прекрасни фотографии. Нека блесне твојата внатрешна Мерилин!

Мерилин Монро (1 јуни 1926 ‒ 5 август 1962) е американска глумица, пејачка и модел. Откако минувала голем дел од своето детство во згрижувачки семејства, Монро ја почнала својата кариера како модел. Во 1946 година го склучила својот прв филмски договор. Нејзините рани појавувања на филмското платно се помали, но нејзините изведби во „Џунгла на асфалтот“ и „Сè за Ева“ (двата во 1950) имале одличен прием кај публиката. Следуваат успешните филмови: „Мажите повеќе сакаат русокоси“ (1953), „Како да се омажиш за милионер“ (1953) и „Седум години верност“ (1955), „Автобуска станица“ (1956) – за која добила номинација за „Златен глобус“, „Принцот и танчарката“ (1957), за кој добила номинација за БАФТА наградата и ја освоила наградата „Давид ди Донатело“. За својата изведба во „Некои го сакаат тоа жешко“ (1959) ја добила престижната филмска награда „Златен глобус“.

Последните години од животот на Монро се обележани со болести, лични проблеми и репутација на несигурна личност, тешка за соработка. Околностите за нејзината смрт, од предозираност од барбитурати, се предмет на истрага. Иако официјално се смета за „веројатно самоубиство“, можностите дека се работи за случајно предозирање, а, исто така, и убиство – не се исклучени. Во 1999 година, Американскиот филмски институт ја прогласи за шеста најголема филмска ѕвезда во историјата. Таа важи за една од најголемите поп-икони и секс-симболи на сите времиња.

Книгата „Мала книга за Мерилин“ е достапна во книжарниците „Литература.мк“, а онлајн може да се нарача на следниот линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.