Онлајн промоција на „Изградување на изговорот, говорот и јазикот кај децата и возрасните“ и „За секоја буква приказна“

На 11 јуни (четврток), во 19 часот, ќе се одржи онлајн промоција на новото реиздание на „Изградување на изговорот, говорот и јазикот кај децата и возрасните“ од авторите Владо Димовски и Јордан Јорданоски. Дваесет и пет години од првата објава, книгата неодамна излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. На промоцијата ќе биде претставена и новата книга на Владо Димовски, „За секоја буква приказна“. Промоцијата ќе се одвива на платформата „Зум“ (Zoom), а ќе може да се проследи на „Фејсбук“ на профилот на „Литература.мк“.
На промоцијата, покрај авторот Владо Димовски, ќе се вклучат Горан Петрушев, дипломиран дефектолог-логопед во ЈЗУ Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас и Андријана Савевска-Љоровска, дефектолг, која работи како воспитувач во јавната установа за деца со социјални проблеми „25 Мај“.
Првото издание на „Изградување на изговорот, говорот и јазикот кај децата и возрасните“, на кое Димовски е ко-автор со сега починатиот Јордан Јорданоски, е објавено во 1995 година. Книгата и денес претставува еден од најупотребуваните практични прирачници во областа на артикулативно-говорна и јазична проблематика. По цели 25 години прирачникот излегува повторно од печат, преуредено и осовременето со нови илустрации, што одговараат за дадената (лексичка) положба на секоја од разработените фонеми.
„Изградување на изговорот, говорот и јазикот кај децата и возрасните“ е практичен прирачник наменет за стручните работници во институциите што се занимаваат со артикулативно-говорна и јазична проблематика, за дефектолошките и филолошките образовни институции, за родителите чии деца имаат артикулативно-говорни тешкотии, за стручните работници од предучилишните воспитно-образовни установи, за работници што настапуваат професионално преку масовните медиуми, како и за секој љубопитен за оваа област.
При систематизирањето на материјалот тргнато е од специфичностите што се јавуваат при изговорот на секоја фонема. Користени се индивидуалниот и споредбениот приод. Овде е граден системот за секоја фонема одделно и споредбено во зависност од тоа која со која фонема може да биде заменувана кај децата. Материјалот е синтетизиран до функционално применување во исказ, песничка и приказна (поддржувано и самостојно).
Во „За секоја буква приказна“ приказнарот напишал 31 приказна – за секоја буква од македонската азбука по една. Во секоја приказна има многу зборови што почнуваат на буквата за која ни раскажува приказнарот. Читајќи за авантурите на едно чудо необични јунаци, ние всушност учиме да ги препознаваме буквите и да ги изговараме правилно. Оваа сликовница може да се користи како дополнување (еден вид вежбанка) на книгата „Изградување на изговорот, говорот и јазикот кај децата и возрасните“, но и независно во фазата на описменување на децата.

Книгите се достапни во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн преку http://www.literatura.mk.
„Изградување на изговорот, говорот и јазикот кај децата и возрасните“ на следниот линк.
„За секоја буква приказна“ e достапна на следниот линк.

One thought on “Онлајн промоција на „Изградување на изговорот, говорот и јазикот кај децата и возрасните“ и „За секоја буква приказна“

  1. Пингување: Владо Димовски: Книги создадени со многу љубов, кои ќе им помогнат на децата со тешкотии во говорот | Literatura.mk

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.