НОВО: „Прашај ме повторно, ќе ти речам ’да‘“ ‒ приказна за долгогодишното пријателство и љубовта

Во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, излезе од печат бестселерот „Прашај ме повторно, ќе ти речам ’да‘“ од Мери Бет Кин. Приказната се движи околу Френсис Глисон и Брајан Стенхоуп, двајца полицајци-почетници во њујоршката полиција, живеат еден до друг во соседство надвор од градот. Она што се случува во двете куќи зад затворени врати – осаменоста на сопругата на Френсис, Лена, и нестабилноста на сопругата на Брајан, Ен – поставува сцена за експлозивни настани што следуваат.

Прашај ме повторно, ќе ти речам „да“ е приказна за долгогодишното пријателство и љубовта помеѓу Кејт, ќерката на Френсис и Лена, и Питер, синот на Брајан и Ен, што никого нема да остави рамнодушен. Брилијантно, емотивно и искупувачки, оваа книга открива како спомените од детството се менуваат од дистанца на зрелоста – негативците не се веќе закана, а невините и не се баш наивни. Љубовната приказна на Кејт и Питер, тестирана од ехото од минатото, е обележана со нежност, дарежливост и милост.

Книгата „Прашај ме повторно, ќе ти речам ’да‘“ е достапна во сите книжарници „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк: https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14356

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.