Kнигата за деца „Будимир и ретките животни“ од Зоран Пеневски објавена во издание на „Либи“


Книгата за деца „Будимир и ретките животни“ од Зоран Пеневски, деновиве излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“.
Станува збор за интересна авантура, наменета за сите љубопитни деца, кои сакаат да дознаат повеќе за ретките животни. Приказната се движи околу Будимир. Благодарение на нотесот на неговиот татко, Будимир собира шест ретки животни, а секое од нив е последниот примерок од својот вид. Но, како да се живее со една зајадлива птица и со другите палави суштества покрај секојдневните обврски? Авантурата почнува кога сите ќе тргнат во посета на Домот за стари лица… Духовита приказна што нè потсетува на тоа дека нас, како луѓе, нè определува и нашиот однос кон животните.
Книгата „Будимир и ретките животни“ првично е објавена во 2013 година, на српски јазик во издание на „Креативни центар“.

Зоран Пеневски (Панчево, 1967 г.) е писател, сценарист и преведувач. Автор е на романите Лектор (СКЦ Нови Сад, 2015), Траги од отсуство (Океан, 2008), Помалку важни злосторства (стипендија од фондот „Борислав Пекиќ“, Океан, 2005 година) и други. Има напишано сценарија за стрип-албумите „Корпоративен пандемониум“ (цртежи на А. Золотиќ, Бесна кобила, 2015; награда од ULUPUDS за стрип на годината), „Des Rivierès sur les Ponts“ (цртежи на Г. Јосиќ, Делкурт, 2004), „Филип и Олга ‒ книжари“ (цртежи на Д. Павлиќ; Систем стрипови, 2012). Со Ивица Стевановиќ е ко-автор на првиот српски графички роман Љубезни трупови (СКЦ Нови Сад, 2004; Комико, 2011) и на стрипот „L’Anatomie du Ciel“ (Les Humanoides Associès, 2006). Има објавувано приказни, текстови, прегледи, критики и есеи (за литература, стрипови, музика, илустрации и др.) во списанијата „Свеске“, „НИН“, „Време“, „Вечерње новости“, „Данас“, „Арт 032“, „Квадарт“, „Књижевна реч“, „Реч“, „Повеља“, „Детињство“, „Летопис Матице српске“, „Ритам“ и др. Има преведено повеќе од педесет книги (од англиски, германски и македонски јазик) и има уредено повеќе од сто изданија. Негови дела се преведени на англиски, француски, холандски и на македонски јазик.

 Книгата е достапна во сите книжарници „Литература.мк“, а онлајн може да се нарача на следниот линк: https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14127

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.