ФОТО: Literatura.mk Superstore низ објективот на фотографката Ерина Богоева и објавите на блогерката Теона Манго

Теона Манго и Ерина Богоева на терасата на Cafe Literatura

Блогерката Теона Манго и фотографката Ерина Богоева деновиве ја посетија новата книжарница на „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“. Тие уживаа во пријатниот амбиент на Literatura.mk Superstore, избирајќи од богата понуда на книги за сите генерации на неколку јазици, програма за подароци, канцелариска и училишна опрема, играчки, а ја посетија и терасата на кафе-барот Cafe Literatura. Своите први импресии ги споделија на социјалните мрежи.


Теона Манго ‒ eдна од најуспешните македонски блогерки, која покрај објавите за мода, храна, впечатоци од патувањата и културни настани, на својот инстаграм-профил и на блогот Teona’s Wanderlus често споделува препораки за книги. Нејзините фаворити за овој месец, кои ги набави во книжарницата, се бестселерите: „Лето како во ’Мама миа‘“ од Ени Робертсон, „Мала книга за Мерилин“ од Мишел Морган, „Прашај ме повторно, ќе ти речам ’да‘“ од Мери Бет Кин и „Што направи?!“ ‒ Клер Мекгован. Ерина Богоева, која е авторка на наградуваната монографија „Скопје – Архитектурата како фотографска скулптура (1963 ‒ 1990)“ (издание на „Арс Ламина“) ја збогати свјата домашна библиотека со „Мала книга за Мерилин“ ‒ Мишел Морган, „Дејзи Џонс енд Д сикс“ ‒ Тејлор Џенкинс Рејд, „Исповеди“ ‒ Колин Хувер и првата книга од новата екслузивна едиција со дела од Петре М. Андреевски – „Тунел“.


Станува збор за најголемата книжарница во Македонија, со површина од 500 м², која беше отворена на 20 мај, во соработка со „Скопје сити мол“. Суперпродавницата е сместена на вториот кат на трговскиот центар, на местото на некогашната игротека. Ова е седма книжарница на „Литература.мк“, по веќе препознатливите продажни места на улицата „Македонија“, во ТЦ „Рамстор“, „Веро центар“, Градски трговски центар (ГТЦ) и ТЦ „Буњаковец“ во Скопје и на „Широк сокак“ во Битола.
Во архитектонски модерно дизајнираниот простор се застапени повеќе содржини: канцелариски материјал, школски прибор, дидактички и едукативни и изданија, но и помагала за уметност и дизајн, како и рачни изработки. Посебен акцент е ставен на програмата за подароци, во која покрај производите од добро познатиот бренд „Скрипти“ може да се најдат и луксузни подароци, дизајнерски производи за во домот и за во канцеларија.


Од минатата недела почна да работи и терасата на Cafe Literatura. Согласно прописите за работа на локали од ваков вид во затворени трговски центри, во кафе-барот се испочитувани протоколите за дезинфекција и безбедно растојание, а посетителите засега можат да престојуваат само на терасата од локалот.
Кафулето е еден од најзначајните новитети на новата суперпродавница на „Литература.мк“, каде што ќе може да се испие добро кафе и да се прочита убава книга. Кафе-барот на „Литература.мк“, што опфаќа 60 m2 од внатрешноста на Literatura.mk Superstore, и 100 m2 на терасата, е модерно дизајниран простор, осмислен за релаксација и споделување убави моменти, опкружен со пријатен амбиент и богат избор на книги и многу други уникатни производи.


Ова е првиот локал каде што ексклузивно е застапено едно од најдобрите кафиња „Кафе Италија“ (Café Italia). Во кафе-книжарницата, ќе има три типа на специјално кафе Бурундu, Бразил и Етиопија, брендирани како Café Literatura. Инаку, „Кафе Италија“ e добро позната компанија за печење кафе од Фијано, северно од Рим.

Фотографиите ги направи Ерина Богоева

.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.