Онлајн промоција на „Најстари приказни“ од Томислав Османли


На 2 јуни (вторник), со почеток во 19 часот, ќе се одржи онлајн промоција на новата книга „Нajстари приказни: Митови од мугрите на западната цивилизација “ на Томислав Османли. Промоцијата ќе се одвива на платформата „Зум“ (Zoom), а ќе може да се проследи на профилот на „Фејсбук“ на „Литература.мк“.
Книгата што е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина ‒ публикации“, содржи митови од архајскиот период на медитеранските култури, наративи дојдени до нас преку грчката култура и писменост или создадени во неа.
Во оваа мала книга писателот Томислав Османли преку своето вешто и искусно перо ни раскажува неколку приказни што оставиле и што сè уште оставаат печат врз културата и историјата. Раскажувањето почнува со падот на древниот континент Атлантида и војната помеѓу титаните и боговите, што, пак, директно води кон даровите на Прометеј и отворањето на Пандорината кутија. Следуваат две големи авантури и патешествија: задачите на силниот Херкул и пловидбата на храбрите аргонаути – две приказни богати со претстави на борби, чудовишта, магија и љубов. Тројанската војна и враќањето на Одисеј, заедно со подвизите на Персеј, се приказните со кои Османли го затвора циклусот со избраните најстари повести, а на крајот, во јасен поговор, да ги објасни митовите и да го разјасни контекстот од кој потекнуваат.


Целта на оваа книга е на јасен и автентичен начин на младата читателска публика да ѝ се доближат најстарите приказни што се појавиле во мугрите на западната цивилизација. Зашто, „митовите се живите мечти дојдени од медитеранскиот дел на древниот свет во големиот современ свет – запечатени во културата и во колективното несвесно“. Со други зборови, колку и да се стари, овие приказни секогаш ќе останат „современи“ заради возбудливите настани и силните етички пораки во нив.
Книгата ја носи и ознаката „Лесно читливо!“, што е препорака на Здружението за дислексија „Ајнштајн“ и на Филозофскиот факултет од Скопје.
„Најстари приказни“ веќе е достапна во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.