Ќе се снима документарец за бестселерот „Е, баш ме заболе“ од Марк Менсон

Интернационалниот бестселер „Е, баш ме заболе“ од Марк Менсон, кој на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде во фокусот на нов документарен филм. Адаптацијата ќе ја направат компанијата „Џи-еф-си филмс“ од Нов Зеланд и „Јуниверзал контент груп“ од Велика Британија.

Документарецот ќе ја истражува опсесијата на современото општество во потрагата по среќа, предводено од авторот Менсон, заедно со Разочараната Панда, лик од книгата чијашто суперсила е да им ја каже на луѓето суровата вистина за себе. Снимањето на филмот ќе почне оваа есен, а се очекува да биде промовиран во 2021 година. Главен продуцент е Метју Меткалф од „Џи-еф-си филмс“, со седиште во Окланд, во копродукција со тимот на „Јуниверзал контент груп“.
Ова не е прва соработка на двете компании. Тие претходно заедно го продуцираа документарниот филм за женските мировни кампови во воздушната база „Гринхем“, насловен како „Мајки на револуцијата“, што ќе биде објавен исто така во 2021 година. Во постпродукција е и заедничкиот документарец „Треба да зборуваме за А.И.“ за хип-хоп издавачката куќа „Дон Рејд ентертејнмент“ (Dawn Raid Entertainment) од Нов Зеланд.
Од објавувањето во септември 2016 година, книгата „Е, баш ме заболе“ е продадена во над 11 милиони копии во светот. Македонската верзија веќе има три изданија и е една од најбараните книги од „Арс Ламина“ во книжарниците „Литература.мк“ изминатава година.

 


Во оваа книга-водич за самопомош, што дефинира една цела генерација, авторот, кој е суперѕвезда во блогерските кругови, не нè замајува со глупости од типот дека треба постојано да се обидуваме да бидеме „позитивни“, за навистина да станеме подобри и посреќни луѓе.
Веќе со децении ни се сервира тезата дека позитивното мислење е она клучното што води кон среќен и исполнет живот. Но, Марк Менсон вели: „Море, кој ја ’врти‘ позитивноста. Да бидеме искрени – нештата се зафркнати, но немаме друг избор освен да живееме со нив онакви какви што се“. На неговиот многу популарен блог на интернет, Менсон ниту ја бојадисува стварноста во розово, ниту ја заобиколува. Тој ги изложува работите токму онакви какви што се, што е една вистинска доза необработена, свежа и искрена вистина – нешто што денес навистина ни недостига.
Менсон ја изнесува и ја брани тезата дека луѓето, според природата на работите, се суштества со своите маани и ограничувања. „Не може секој да биде исклучителен – општеството е сочинето од победници и губитници, а нешто од сето тоа ниту е фер, ниту, пак, е по твоја вина.“ Неговиот совет до нас е да си ги препознаеме и да ги спознаеме нашите ограничувања и да ги прифатиме – и дека токму тоа, вели тој, е вистинскиот извор на моќ со кој можеме да се стекнеме. Откако еднаш ќе ги прифатиме нашите стравови, грешки и несигурности – откако ќе престанеме да бегаме и да ги избегнуваме болните вистини, туку ќе почнеме да се соочуваме со нив – дури тогаш можеме и да тргнеме во потрага по храброста и самоувереноста по кои трагаме толку очајно.
„Во животот се соочуваме со мошне ограничен опсег на работи за кои треба да ни е гајле. Оттука, мораме да бидеме многу мудри во поглед на изборот за што треба да ни е гајле, а за што не.“
Менсон преку оваа книга комуницира со читателот многу непосредно и директно, а четивото е исполнето со мноштво интересни приказни и со хумор „без влакна на јазикот“. Овој своевиден манифест во исто време е и една освежувачка шлаканица в лице за секој од нас, што по прочитувањето може да ни овозможи да почнеме да живееме поисполнет и потрезвен живот.
Марк Менсон е многу познат блогер, чијшто блог го имаат посетено повеќе од два милиона читатели. Живее во Њујорк. „Баш ме заболе – како да не ти е гајле за неважните нешта“ е негова прва книга. Во издание на „Арс Ламина“ е објавена и неговата втора книга, „Сè е за*бано“.
„Е, баш ме заболе“ е достапна во книжарниците „Литература.мк“, а онлајн може да се нарача на следниот линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.