Елена Стојческа со својата волшебна флејта е гостинка во „Астрорум“

Во ова издание на емисијата „Астрорум“ ќе можете да уживате во разговорот со нашата извонредна флејтистка Елена Стојческа, која долги години живее и работи во Париз, Франција. Таа е призната и позната солистка, камерен музичар и врвен педагог на европската сцена, а во вонредни пандемски услови, за светот, но и лично за неа, ни овозможи прекрасно интервју. Овој разговор беше договаран пред два месеца, но Елена во меѓувреме се бореше со здравствениот непријател наречен КОВИД-19 и, секако, беше херојот во оваа битка. Веќе оздравена и со полн елан за музицирање, таа деновиве нè почести со скапоцен разговор и со прекрасно музичко задоволство, во дует со нејзиниот музички и животен сопатник, извонредниот гитарист Роман Петио.

Елена Стојческа е родена во Скопје. По завршувањето на средното музичко образование во МБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во класата на професорката Бети Станковска, студиите ги продолжува во Париз, Франција, и во Италија, каде што дипломира, магистрира и се специјализира (флејта, пиколо флејта и педагогија), во класите на врвните професори Пјер Ив Арто, Петер Лукаш Граф, Винсент Лука и Пјер Думај. Завршува и повеќе мајсторски школи со реномирани професори, меѓу кои Аурел Николе, Ирена Графенауер, Патрик Галоа, Беноа Формаже, Феликс Ренгли и повеќе други.

Елена Стојческа е добитничка на први награди на повеќе интернационални натпревари: „Ауди Моцарт“ во Италија, Европскиот натпревар и натпреварите „Гастон Крунел“ и „Буфет Крампон“ во Франција, како и први награди за флејта и камерна музика на националните натпревари во Македонија и поранешна СФРЈ. Како солист настапува со Симфонискиот оркестар на Болцано, Италија, Симфонискиот оркестар на Бакау, Романија, Оркестарот „Пол Куенц“, Оркестарот на Орвењ, со ансамблот „Бонсаи“, Францускиот оркестар на флејти, како и со Македонската филхармонија. Таа настапува и како член на повеќе оркестри, меѓу кои во Оркестарот Дивертименто, Паделу, Интернационалниот филхармониски оркестар, Оркестарот на Алијансата, под диригентство на Волфганг Дорнер, Херве Нике, Џон Нелсон, Микола Дијадура, Марчело Пани, Себастијан Роулан, Никола Андре, Пежман Мемарзадех и др. Од 2005 до 2011 година, Стојческа е соло флејта на ансамблот „Бонсаи“, а од 2011 година го формира дуото „СолиПс“ со францускиот гитарист, а денес и нејзин животен сопатник, Роман Петио. Како камерен музичар настапува во повеќето европски земји и е редовно поканета на фестивали во Франција, Англија, Холандија, Италија, Босна, Чешка, Белгија и Русија, а соработува со Маја Богдановиќ, Лор Фавре Кан, Стефани Мари Деганд, Вахан Мардиросијан, Венсен Пено и др.

По добивањето на француското државјанство и успехот на државните конкурси за педагогија, Елена Стојческа е номинирана за редовен професор од А-категорија на Конзерваториумот на Центарот на Париз „В. А. Моцарт“, како и на Конзерваториумот на Ливри Граган.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.