„Арс Ламина“ и Фондацијата „Славко Јаневски“ го распишуваат конкурсот за книжевната награда „ПЕГАЗ“ за најдобар необјавен роман за 2020 година

Издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распишуваат вториот конкурс за книжевната награда „ПЕГАЗ“ за најдобар необјавен роман за 2020 година. За наградата можат да конкурираат сите необјавени романи (ракописи) наменети за возрасни или за деца.
Романите треба да бидат предложени од самите автори-кандидати за наградата, кои треба да ги достават своите ракописи во електронска форма (во word или во пдф-формат), на следната е-пошта: pegaz@arslamina.com. Конкурсот ќе биде отворен до 15 јуни 2020 година.
Ракописите ќе ги оценува тричлена стручна жири-комисија, составена од реномирани книжевни дејци и еден претставник на издавачот.
Наградата „ПЕГАЗ“ се состои од паричен износ од 90.000 денари и објавување на романот во посебна едиција. Добитникот на наградата ќе биде соопштен најдоцна до 30 септември 2020 година.
Доколку и некој друг од ракописите биде оценет позитивно, издавачот „Арс Ламина“ може да понуди објавување и на второ и треторангираните романи.
На минатогодишното, прво издание на „ПЕГАЗ“ пристигнаа 77 ракописи. За победник беше избран романот „Насон прочитана книга“ од авторката Соња Манџук, кој беше објавен и промовиран на посебна свеченост. Ракописите што беа позитивно оценети, исто така добија можност од „Арс Ламина“ да бидат објавени, па така, деновиве од печат ќе излезе и романот „Курвински хроники“ од Александар Русјаков.
Наградата „ПЕГАЗ“ за најдобар необјавен роман е своевидно продолжение на веќе етаблираната награда „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“. Имајќи го предвид влијанието што оваа награда го изврши врз квалитативниот скок на македонската романсиерскa продукција, Фондацијата „Славко Јаневски“ и „Арс Ламина“, по вторпат го организираат изборот за необјавен роман за деца или возрасни, сметајќи дека на тој начин ќе се овозможи уште поголем квалитет на овој специфичен литературен жанр.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.