Топ 5 предлози од „Литература.мк“: Моника Потер го чита Хари Потер


Блогерката Моника Ангелковска, попозната како Моника Потер, покрај тоа што на својот профил на „Инстаграм“ секојдневно споделува препораки за храна и искуства од патувањата, често објавува и предлози за читање. Во нејзината топ 5 листа на книги од „Литература.мк“ се светски бестселери, изданија со препораки за поквалитетен живот, автобиографии и современа инстаграм-поезија. На врвот на нејзината листа се книгите за Хари Потер. Ова се нејзините препораки за читање овој период:

1.„Хари Потер и Каменот на мудроста“ од Џ. К. Роулинг


Ова е првата книга од мојот омилен книжевен серијал ‒ Хари Потер од Џ. К. Роулинг. Еден обичен ден во домот на Дарслиеви, на Привет драјв бр. 4 стигнува писмо за момчето во креденецот под скалите, Хари Потер. По многуте обиди на тетин Вернон да ги скрие писмата што постојано доаѓаат, една вечер на вратата се појавува Рубеус Хагрид од „Хогвортс“, училиштето за вештерство и волшебништво, и му вели на Хари дека е волшебник. Тогаш почнуваат авантурите на Хари и неговите пријатели, но, влогот е голем − целиот волшебнички свет е во опасност.
„Хари Потер и Каменот на мудроста“ е првиот дел од серијалот за сирачето-волшебник Хари Потер, кому му е врачена покана да изучува магија на училиштето Хогвортс за вештерство и волшебништво. Оттука, заедно со неговите најдобри пријатели, Хермиона Гренџер и Рон Визли, тој се обидува да го најде Каменот на мудроста и да го спречи темниот волшебник Лорд Волдеморт да си ја врати моќта.
Книгата е достапна во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк.

2. „Becoming: Мојата приказна“ од Мишел Обама


Автобиографската книга „Becoming: Мојата приказна“ од Мишел Обама, минатата година уриваше рекорди во светски рамки и е на добар пат да стане најпродаван мемоар на сите времиња… Мемоарите на г-ѓа Обама се објавени на повеќе од 30 јазици, меѓу кои и на македонски, во издание на „Арс Ламина“. Книгата е поделена во три дела: „Како настанав јас“, „Како настанавме ние“ и „Како настанавме уште повеќе“, а во нив пишува за своето детство, студентските денови, расизмот, бракот со поранешниот претседател на САД, Барак Обама, за нивните ќерки и искуството во политиката.
Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

3. „Мала книга за хиге: данскиот начин на добро живеење“ од Мајк Викинг


За Данска често се вели дека е најсреќната земја во светот. А тоа се сведува на една работа – хиге. Хиге се преведува на најразлични начини, од уметност на создавање блискост, преку пријатна душевна удобност, па до црпење задоволство од присуството на смирувачки нешта. А мојот омилен опис е – какао под светлина од свеќи… Кога ќе го почувствуваш она што се нарекува хиге, едноставно го знаеш тоа. Тоа е она кога си стуткан на каучот со саканата личност или кога јадеш заедно со најблиските пријатели. Тоа се оние јасни сини утра кога светлината што ти влегува низ прозорецот е токму онаа вистинската. А никој не може да ти биде подобар водич за сето она што се подразбира под хиге од Мајк Викинг. Мајк е генерален директор на Институтот за истражување на среќата во Копенхаген и има поминато многу години во проучување на магијата на данскиот начин на живот. Почнувајќи од изборот на вистинското осветлување и сè околу планирањето забава, преку создавањето комплет за хиге прва помош, па дури и во однос на изборот на облека, оваа прекрасна и инспиративна книга на Мајк ќе ти помогне да бидеш по-хиге.
„Мала книга за хиге“ е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.

4. „Млеко и мед“ од Рупи Каур


Книгата „Млеко и мед” од авторката и илустраторка Рупи Каур е најпродаваната колекција на поезија и проза според „Њујорк Тајмс“. Продадена е во повеќе од еден милион копии низ светот и преведена е на повеќе од 30 јазици. „Млеко и мед“ е збирка поезија за љубовта, загубата, траумата, малтретирањето, зацелувањето и женственоста. Поделена на четири поглавја и секое поглавје има друга цел, се справува со различен тип болка, лекува друг тип болка во срцето. „Млеко и мед“ ги води читателите на патување низ најгорчливите моменти во животот и наоѓа слатки нешта во нив – затоа што слатки нешта има насекаде, само ако сте желни да ги побарате.
Книгата „Млеко и мед“ е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.

5. „Сè е за*бано: книга за надежта“ од Марк Менсон


Од авторот на интернационалниот мегабестселер „Е, баш ме заболе“ доаѓа контраинтуитивен водич за проблемите со надежта. Живееме во интересно време. Материјално, сè е подобро од кога и да е, но некако сè изгледа како да е непоправливо и ужасно заебано. Што се случува? Ако некој може да ја именува нашата моментна малодушност и да ни помогне да ја решиме, тоа е Марк Менсон. Во „Сè е за*бано“, Менсон исцртува планини од психолошки истражувања базиран на безвременската мудрост на Платон, Ниче, Кант, па и на Том Вејтс, за да ги дисецира религијата, политиката, парите, забавата и интернетот. Со неговата препознатлива комбинација од ерудиција и хумор, Менсон нè предизвикува да бидеме почесни кон себеси, отворено спротивставувајќи се на нашите дефиниции на верата, среќата, слободата – дури и на надежта. Еден од најголемите модерни автори напиша уште една книга што ќе ја постави агендата на годините што доаѓаат.
Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.