Околу 700 цртежи и 350 литературни дела од ученици од целата држава пристигнаа на поштенската и на електронската адреса на „Арс Ламина“, за конкурсот на тема „Девојчето и градот“. На ликовниот и литературен избор, инспириран од приказната во новата, истоимена сликовница на Ване Костуранов, „Девојчето и градот“, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, децата ги испратија своите идеи за почист град. Во форма на песни, раскази, состави и цртежи тие ги претставија своите креативни предлози како да го обоиме градот и тој да стане посреќно место на живеење, дом на сонцето, птиците и пеперугите. За победниците одлучуваа две жири комисии: една за литературниот дел и една за ликовниот дел.

Прво место во литературниот дел, и воопшто гран-при на целиот конкурс, освојува Давид Кујунџиќ, кој е 8 одделение при ОУ „Тошо Велков-Пепето“ од Кавадарци

Второ место: Милан Ивановски, 5 одд. во ООУ „Љубен Лапе“, Скопје
Прво место во литературниот дел, и воопшто гран-при на целиот конкурс, освојува Давид Кујунџиќ, кој е 8 одделение при ОУ „Тошо Велков-Пепето“ од Кавадарци, за својот расказ насловен како сликовницата „Девојчето и градот“.
Второ место освојуваат двајца добитници: Милан Ивановски, 5 одд. во ООУ „Љубен Лапе“, Скопје за неговиот расказ, под менторство на наставничката Валентина Вангеловска и ученичката Михаела Крстеска, која е 3-1 одд. во ОУ „Блаже Конески“, Прилеп, која испрати песна.

Второ место: Михаела Крстеска, која е 3-1 одд. во ОУ „Блаже Конески“, Прилеп
Третото место го делат Марија Секуловска, која е 3-б одд. во ОУ „Гоце Делчев“ ‒ Скопје, која конкурираше со песна, под менторство на одделенската наставничка Снежана Васкова; како и ученичката Анастасија Аневска, која е 6-2 одд. при ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“ – Скопје, за нејзината песна „Молба до облачето“.

Трето место: Марија Секуловска, која е 3-б одд. во ОУ „Гоце Делчев“ ‒ Скопје
Жирито одлучи да ги пофали следните ученици за нивните творби: Димитриј Давитков 8-а одд. ООУ „Никола Карев“ ‒ Пробиштип, Софија Смилевска 4-3 одд. ООУ „Петар Поп Арсов“ ‒ Скопје (одделенски наставник: Зденка Митреска), Дарија Ристовска 4 одд. од ОУ „Јан Амос Коменски“ ‒ Скопје, Марта Трајаноска 1-4 одд. ООУ „Кире Гаврилоски ‒ Јане“ од Прилеп, Матеа Ефремовска 5 одд. ООУ „Љубен Лапе“ ‒ Скопје (ментор: Валентина Вангеловска), Мила Величковска, 4 одд. ООУ „Гоце Делчев“ ‒ Скопје, Мила Кралева 8-3 одд. ОУ „Славејко Арсов“ ‒ Штип (ментор: Драгица Петрова) и Бисера Гирова, 5-1 одд. ОУ „Братство“ ‒ Скопје.

Трето место: Анастасија Аневска, која е 6-2 одд. при ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“ – Скопје
Тричленото жири составено од уредниците во „Арс Ламина“ (Томе Сиљаноски, Татјана Димовска Атанасова и Бисера Бендевска) имаше полни раце работа по повод објавениот литературен (и ликовен) конкурс на тема „Девојчето и градот“. Во своето образложение комисијата истакнува:
„Одѕивот на малите креативци беше зачудувачки голем, па добивме околу триста и педесет книжевни дела. Жирирањето воопшто не беше лесно со оглед на квалитетот на мнозинството текстови што пристигнаа, а и вложениот труд самиот по себе е вреден за пофалба. Добивме најразлични поетски и прозни творби: песни во слободен стих, во акростих, кратки и подолги раскази, дневнички записи и сл., напишани во ракопис или во електронска форма, дополнително разубавени со шарени бои и цртежи што го засилуваат впечатокот. Особено сме радосни што дечињата ја препознаа важноста на темата и што преку своите дела ја изразуваат нивната желба и потребата на сите за здрава и чиста животна средина. Речиси во сите творби, низ убав и украсен израз сите автори понудија и реални активистички решенија за раззеленување и разубавување на урбаните средини. Покрај толку голема конкуренција, одлуката за победничка творба не беше едноставна. Сепак, низ продлабочена дискусија, за првопласиран го избравме расказот „Девојчето и градот“ од авторот Давид Кујунџиќ, ученик во 8-1 одделение при основното училиште „Тошо Велков-Пепето“ од Кавадарци. Станува збор за фантастичен расказ во кој едно девојче, преку една необична средба, патува низ времето и го запознава нејзиниот град пред да стане мрачен и сив. По враќањето од поучното патување, девојчето покренува акции за раззеленување и разубавување на животната средина во која живее. Во овој расказ препознавме оригинална идеја која малку отскокна од другите творби, чијшто квалитет, исто така, е несомнен. За тоа говори и одлуката да се доделат неколку втори и неколку трети места. Целокупниот впечаток што го стекнавме од ова искуство влева надеж дека овие млади автори еден ден ќе прераснат во успешни и почитувани писатели и активисти, на кои сите треба да се угледаме.“
Добитникот на гран-при и победник на литературниот дел ќе добие таблет и пакет книги во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, и клуб картичка од „Литература.мк“.

Прво место ликовен конкурс: Павел Милановски 8-3 одд. ООУ „Кочо Рацин“ – Куманово
За најдобрите ликовни дела одлучуваше жирито во состав: Ване Костуранов (илустратор и автор на сликовницата „Девојчето и градот“), Анета Илиевска (графички дизајнер/илустратор) и Александра Филипоска, (графички дизајнер/илустратор).
Првата награда ја освојува Павел Милановски 8-3 одд. ООУ „Кочо Рацин“ – Куманово.

Второ место: Тамара Илиевска 9-4 одд. ОУ „Кочо Рацин“ ‒ Куманово
Двајца ученици освојуваат второ место: Калина Смилевска 3-а одд. ООУ „Невена Георгиева-Дуња“ – Скопје и Тамара Илиевска 9-4 одд. ОУ „Кочо Рацин“ ‒ Куманово, (ментор Далибор Јовановски).
Добитници на трето место се: Далибор Анѓелкоски 5-в одд. ООУ „Јосип Броз Тито“ ‒ Струга, Драгана Ева Калаузарова, 5-б одд. ОУ „Јан Амос Коменски“ ‒ Скопје (ментор: Марија Јошеска) и Алексеј Гаврилов 2-1 одд ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ ‒ Скопје.

Второ место: Калина Смилевска 3-а одд. ООУ „Невена Георгиева-Дуња“ – Скопје
Пофалници за своите цртежи ќе добијат: Горазд Трајковски, 2 одд. ОУ „Мирче Ацев“ ‒ Скопје, Елена Попоска 5-4 одд. ОУ „Христо Узунов“ ‒ Охрид, Калина Смилевска 3-а одд. ООУ „Невена Георгиева-Дуња“, Скопје, Марија Лазева, 8 одд. ООУ „Гоце Делчев“ ‒ Скопје (за цртежот „Времето истекува“) и Марија Тајаноска, 4-1 одд. ОУ „Кире Гавриловски – Јане“ ‒ Прилеп.

Трето Место: Далибор Анѓелкоски 5-в одд. ООУ „Јосип Броз Тито“, Струга
Жирито имаше навистина обемна и тешка задача, да ги избере најдобрите меѓу пристигнатите седумстотини цртежи.
‒ Ме радува огромниот број пристигнати цртежи и литературни творби на конкурсот. Уште повеќе радува фактот што пристигнаа прекрасни и квалитетни дела, кои многу прецизно и суштински ја третираат темата. Беше навистина тешко да се одберат победниците помеѓу толку прекрасни детски цртежи. Сакам да искажам голема благодарност до сите деца, наставници и родители што се вклучија во повикот и се потрудија да ја реобмислат и збогатат приказната на „Девојчето и градот”. Им честитам на победниците и се надевам дека ќе продолжат да нѐ воодушевуваат со нивните нови дела – вели Ване Костуранов, авторот „Девојчето и градот“.
Сите наградени ученици ќе добијат дипломи, пакет книги и клуб картичка за попуст во „Литература.мк“, а пофалените, покрај пофалница, исто така ќе добијат изданија од „Арс Ламина“.

Трето место: Драгана Ева Калаузарова, 5-б одд. ОУ „Јан Амос Коменски“, Скопје
На конкурсот „Девојчето и градот“, кој беше распишан на почетокот на февруари, учествуваа деца од 5 години, па сѐ до ученици во 9. одделение од основните училишта од цела Македонија.

Трето Место: Алексеј Гаврилов 2-1 одд ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, Скопје
Новата книга за деца од познатиот македонски илустратор и уметник Ване Костуранов, „Девојчето и градот“, излезе од печат на почетокот на април 2020 г. во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за трета сликовница од Костуранов, по успешните и наградувани: „Ѕвездено дете“ и „Девојче и мече“.
Во „Девојчето и градот“ се раскажува приказна за едно девојче, кое живее во еден сивкав град, во кој веќе одамна не доаѓаат сонцето, птиците, пеперугите… Еден ден, талкајќи по улиците полни со луѓе, девојчето ќе се загуби и сосема неочекувано ќе се најде пред една огромна шума, во која ќе открие работи што ќе ѝ го променат животот од корен.
Делата на Костуранов се достапни во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн на http://www.literatura.mk.
Пингување: Избрани победниците на конкурсот „Девојчето и градот“ – Блаже Конески