Катерина Љамова Богоевска: Книги за личен развој и успешни животни приказни

Катерина Љамова Богоевска, која секојдневно на својот инстаграм-профил „My Macedonian Home“ објавува инспиративни предлози за уредување на домот и „направи сам“ проекти, вели дека и покрај обврските си поставила цел да прочита по една книга неделно. Досега добро ѝ оди во остварување на својата мисија.
‒ Дали е можно некогаш да ми е досадно? Нема шанси! Секогаш велам дека сакам денот да трае 30 часа наместо 24 за да можам да завршам сѐ што сум планирала. Тоа воопшто не е сменето ни во услови на #седисидома. Воопшто не ми пречи што си седам дома, секогаш знам што да правам. Обично, во нормални услови, кога одам на работа, а мојот син Матео во градинка, едвај наоѓам време за читање. Сега, пак, во вонредни услови, кога сме сите дома по цел ден, тоа е уште потешко. Но, си поставив цел да читам по една книга неделно и досега добро се држам до него. Најчесто време за себе имам навечер по заспивањето на Матео и тогаш максимално се посветувам на себе. Сакам да читам книги за духовност, за личен развој, за успешни животни приказни ‒ вели таа.
Во тој стил се нејзините топ 5 предлози на книги од „Литература.мк“, кои препорачува да се прочитаат овој период.

1. „Зошто јас?“ од Мартин Јованоски

„Зошто јас?“ е прашање што секој од нас си го поставил во одреден момент од животот. Во потрагата по одговорите се насетуваат два избора: тешките искуства за некого ќе бидат нешто што само ќе го преживее, а за некој друг ‒ нешто што ќе го врати во живот. Да се напише оваа книга е да се допре душата на секој од нас, но и личен терапевтски процес. Ставањето на хартија на нашите искуства и доживувања е навистина лековито искуство. Моментот во кој тие ќе заиграат пред нашите очи и ќе ја прочитаме својата приказна е момент во кој сме си ја дозволиле ранливоста, сме го скротиле егото и сме ѝ дале светлина на внатрешната реалност. Тој момент е истовремено и моќен, бидејќи само од позиција на препознавање на својата вистина и љубов за себе можеме да го исцелиме она што боли.
За сите вас кои сте ја запознале анксиозноста, ова четиво ќе ви биде вистински скапоцено, бидејќи ќе станете свесни дека не сте осамени во тоа искуство. Таа доаѓа во повеќе форми и може да зборува на различни јазици, но секогаш претставува покана за една поинаква средба со себеси.
Книгата е достапна во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк.

2. „Упатство за употреба на креативниот ум“ од Дејв Бирс

Креативноста е обвиена со толку голема мистика. На старите Грци тоа им било толку магично, што моментот на инспирација го препишале на музите, наместо на луѓето. Оваа книга ја открива креативноста како процес. Покажува дека пред да бидете погодени од молњата на креативниот гениј, треба да следите неколку чекори. Ви покажува како да ги подготвите вашите мисли за да дојдете до идеи. Исто така, таа ви нуди и одредени техники како помош при различните пристапи кон проблемите.
Дејв Бирс е поранешен креативен директор во адвертајзинг. Сега го води ,,Адитив” (Additive), бизнис чија цел е да го инспирира и поттикне маркетинг светот. Тој, исто така, е и домаќин на подкастот „Фјучр оф адвертајзинг“ (Future of Advertising), држи говори на настани ширум светот, работи како ментор во „Скул оф комуникeјшн артс“ (School of Communication Arts) и го дава својот мозок под наем на компании што сакаат свежи идеи. Подготвува и други книги.
Книгата е достапна во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк.

3. „Паун во земјата на пингвините“ од Б. Џ. Галагер Хејтли Ворен Х. Шмит

Оваа книга дава проникливи видувања во однос на проблематиката на креативноста и иновативноста на работното место – и тоа на мошне симпатичен начин. Користејќи го концептот на басна и следејќи ги авантурите на Перо Паунот и други егзотични птици кои се обидуваат да си најдат место под сонцето во Земјата на пингвините, таа ни помага да видиме што може да се случи кога целосно и храбро се обидуваме да се изразиме во средина создадена од извршни директори и раководители кои на светот гледаат многу поинаку од нас.
Книгата е достапна во книжарниците „Литература.мк“, и онлајн на следниот линк.

4. „ДА! 50 Тајни на науката на убедувањето“ од Стив Ј. Мартин, Ноа Ј. Голдстајн, Роберт Циалдин

Кој дел од канцеларискиот материјал може да го зголеми вашето влијание? Кој еден единствен збор ќе ја зголеми вашата убедливост? Како можете да станете џедај-мајстор на социјалното влијание? Која е активната состојка на трајниот успех? Зошто некој би одбрал „мерцедес“, а е вљубен во „БМВ“? Сигурно би сакале вашите колеги повеќе да се согласуваат со вас, вашите деца да си ја пишуваат домашната и соседите да престанат да расфрлаат ѓубре наоколу.
Книгата е достапна во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк.

5. „ЗЕН: Уметноста на едноставното живеење“ од Шунмио Масуно

Преку јасни, практични лекции што се учат лесно – по една на ден во текот на сто дена – познатиот будистички свештеник Шунмио Масуно евоцира мудрост стара со векови за да ви покаже како да ја применувате суштината на зен-будизмот во модерното живеење.
Тука ќе научите како длабоко да издишувате за да ги исфрлите негативните емоции, како да го средувате својот дом едноставно, што ќе ви помогне да ги расчистите вашите мисли, да ги подредувате обувките навечер за да внесете ред во вашиот ум, да засадите едно цвеќе и да гледате како расте, помалку да се грижите за она што не можете да го контролирате и уште многу други нешта… Дури и ќе си создадете време за да не размислувате за ништо.
Книгата е достапна во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.