Администраторката на книжевната група на „Фејсбук“ Размена на книги и книжевни муабети, Стефани Табаковска, вели дека ова е совршено време да им се навратиме на класиците, но и да ги прочитаме новите бестселери. Таа се приклучи кон акцијата за поттикнување на читањето за време на изолацијата, со топ 5 предлози на наслови од „Литература.мк“.
1. „Гордост и предрасуда“ од Џејн Остин
Совршено време да се навратиме на класиците. Дозволете пишувањето на Џејн Остин преку еден од своите најпрепознатливи ликови, Елизабет Бенет, да ве одведе на патување во Англија во 19 век и да ве потсети на важноста на воспитувањето и семејните односи. Книга која секој читател на класици треба да ја прочита.
Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.
2. „Архангел-ослободување на ѕверот“ од Даниел Бибовски
Иако дел од едицијата „Бестселери за млади“, оваа книга има по нешто за секого. Од млад лик кој го спознава светот и се осознава себеси, до патувања, елементи на фантастика, до визија за не-така далечната иднина. Особено ме радува што „Архангел“ е фантастика на македонски јазик и од домашен автор.
Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.
3. „Дејзи Џонс енд Д сикс“ од Тејлор Џенкинс Рејд
Прв, а се надевам наскоро нема да биде и единствен преведен наслов од Тејлор Џенкинс Рејд ‒ авторка која ме воодушевува секогаш на поинаков начин. Рокенрол, дрога, романса и повторно дрога, но и креативниот процес, издигнувањето на врвот на славата и потоа распаѓањето на фиктивната група „Дејзи Џоунс енд Д Сикс“ сето тоа маестрално раскажано преку интервјуа со сите членови на бендот. Наслов кој не смеете да го пропуштите.
Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.
4. „Машини како мене и луѓе како вас“ од Ијан Мекјуан
Доколку барате роман кој ќе ве наежи и натера да размислувате за иднината (или можеби е сегашноста?), застанете на „Машини како мене“. Главниот лик Чарли ја троши целата своја заштеда да купи еден Адам ‒ човеколик робот од ограничена едиција роботи во Англија во осумдесеттите. Адам е интелигентна машина која иако со сопствен алгоритам може да биде прилагодена од сопственикот. Во еден момент толку наликува на Чарли што се запрашав дали си ги заменија местата и што ќе се случува со љубовниот триаголник Миранда ‒ Чарли ‒ Адам. Има многу што да се дискутира, Ви оставам сами да го откриете крајот на приказната.
Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.
5. „Американски брак“ од Тајари Џонс
За крај, ве враќам повторно во САД, поточно во Луизијана, каде Рој е обвинет и осуден на затвор за дело за кое нема конкретни докази за извршителот. Настанот ќе ги разори семејните односи, бракот, ќе го понижи, но Рој никогаш не ја губи својата гордост. Прочитајте ја приказната за неправдата нанесена на еден несреќен афроамерикански брачен пар.
Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.