Даниел Редклиф чита извадок од книгата „Хари Потер и Каменот на мудроста“

Ништо не може да ја запре магијата на Хари Потер. Дури ни периодот на изолација поради пандемијата на вирусот корона. Имено, повеќе јавни личности како Даниел Редклиф, Дакота Фенинг, Еди Редмејн, Стивен Фрај и Дејвид Бекам ќе бидат дел од видео и аудиочиталната во која интерпретираат делови од првата книга од познатиот серијал за деца на Џ. К. Роулинг, „Хари Потер и Каменот на мудроста“. Агенцијата на авторката објави дека сите 17 поглавја од „Хари Потер и Каменот на мудроста“ ќе се читаат во серија на бесплатни видео и аудиоснимки.

Прв во листата на популарни личности кој прочита дел од книгата е Даниел Редклиф, актерот кој го играше Хари Потер во филмската адаптација на романите. Тој го чита првото поглавје „Момчето коешто живееше“, коe е објавено на сајтот harrypotterathome.com. Останатите видеа ќе бидат објавувани еднаш неделно на сајтот, а аудиоверзиите ќе бидат бесплатно достапни на „Спотифај“.
Проектот е дел од иницијативата „Хари Потер дома“, која ја разви агенцијата на Џ. К. Роулинг, сè со цел да обезбеди бесплатна содржина од Хари Потер за семејствата за време на изолацијата.


Инаку, македонската верзија на „Хари Потер и Каменот на мудроста“ излезе од печат неодамна, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Таа е една од лектирите за деветто одделение, и дел е од едицијата „Лесно читливи лектири“ на „Арс Ламина“.
Еден обичен ден во домот на Дарслиеви, на Привет драјв бр. 4 стигнува писмо за момчето во креденецот под скалите, Хари Потер. По многуте обиди на тетин Вернон да ги скрие писмата што постојано доаѓаат, една вечер на вратата се појавува Рубеус Хагрид од „Хогвортс“, училиштето за вештерство и волшебништво, и му вели на Хари дека е волшебник. Тогаш почнуваат авантурите на Хари и неговите пријатели, но, влогот е голем − целиот волшебнички свет е во опасност.
„Хари Потер и Каменот на мудроста“ е првиот дел од серијалот за сирачето-волшебник Хари Потер, кому му е врачена покана да изучува магија на училиштето „Хогвортс“ за вештерство и волшебништво. Оттука, заедно со неговите најдобри пријатели, Хермиона Гренџер и Рон Визли, тој се обидува да го најде Каменот на мудроста и да го спречи темниот волшебник Лорд Волдеморт да си ја врати моќта.
Книгата е достапна во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк.

Слушнете ја интерпретацијата на Даниел Редклиф преку „Спотифај“ на овој линк линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.