Со едицијата за најмладите, „Сезнајковци“, го одбележуваме Денот на македонскиот јазик

Со книгите од едицијата за деца „Сезнајковци“ во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, го одбележуваме 5 мај ‒ Денот на македонскиот јазик. Станува збор за илустрираните изданија „Другарска азбука“ од Снежана Петрова-Џамбазова и „Игра со именки“ и „Игра со глаголи“ од Оливија Георгиевска, кои ги запознаваат најмладите читатели со убавините на македонскиот јазик.

Сликовницата „Другарска азбука“ ќе ги упати младите читатели во светот на буквите, на пишувањето, на запознавањето со кирилското писмо. Во неа, на забавен и на шаренолик начин преку римувани строфи ќе дознаете повеќе за другарството, за заемните игри, понекогаш и за работните задачи на момчиња и девојчиња, чиишто имиња почнуваат со иста буква.

Со шарените сликовници во рима, „Игра со именки“ и „Игра со глаголи“ ќе влезете во игривиот свет на именките и на глаголите. Преку прекрасните слики и зборовите во боја, ќе научите како да ги препознаете и како да ги употребите.

Минатата година 5 мај беше прогласен за Ден на македонскиот јазик, во чест на усвојувањето на азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо, што се случило пред 75 години, од страна на Владата на Народна Република Македонија. Годинава, по овој повод, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ (ИМЈ) електронски ќе објави десет книги за афирмација, негување и за проучување на македонскиот стандарден јазик. Прочитајте повеќе за одбележувањето на Денот на македонскиот јазик во нашата земја на следниот линк.

Книгите се достапни во книжарниците „Литература.мк“, а може да се нарачаат и онлајн преку http://www.literatura.mk на следните линкови:

„Другарска азбука“
„Игра со именки“
„Игра со глаголи“

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.