Гоце Андреевски: Препорачувам книги кои поттикнуваат силни емоции и бескрајна фантазија

Водителот на контактната емисија „Црвена линија“ на телевизија „Телма“, Гоце Андреевски, препорачува неколку книги кои не само што ќе ви исполнат дел од времето, туку ќе ве преплават со прекрасни чувства на љубов, силни емоции и бескрајни фантазии. Во неговата топ 5 листа со книги од „Литература.мк“ има изданија за најмладите читатели, како и романи за возрасни.

1. „Срцето и шишето“ од Оливер Џеферс

Преку книгата „Срцето и шишето“ од Оливер Џеферс, ќе запловите во фантазиите за светот на едно девојче и нејзиното љубопитство за истиот. Низ страниците на книгата се обработени чувствителните теми за љубовта и несаканиот крај, но ни покажува дека секогаш постои надежта од која никогаш не смееме да се откажеме!
Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.

2. „Ноќта на зелената самовила“ од Ајфер Тунч

Читајќи го овој роман се уверуваме колку е важно родителите да бидат пожртвувани и добри. Во спротивно безвредна е надворешната убавина, интелигенцијата и чистата душа на секој млад човек. Од ова дело заклучуваме колку големо значење има семејството како клетка за едно општество.
Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.

3. „Судниот ден“ од Лук Делис

Ова е роман за тие кои сакаат да читаат за уметност и литература низ призма на сексуална енергија. „Судниот ден“ од Лук Делис. Преку романот авторот на маестрален начин ни ја претставува креативноста на еден уметник, филозоф и писател. Опишани се безбројните авантури со различни жени, преку кои авторот зборува за создавањето бесмртен израз вплетен помеѓу нежните женски тела.
Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.

4. „Тајната градина“ од Франсес Хоџсон Барнет


Во оваа книга една девојка доживува животна трагедија, ги губи нејзините родители. По нивната смрт е пратена од Индија да живее на мрачниот имот на вујко и во дивината на англиските мочуришта. На нејзината осаменост се чини ќе ѝ дојде крајот, кога дознава дека некаде на имотот има тајна градина во која не смее никој да влезе. Младата Мери наоѓа стар клуч и на многу несекојдневен начин доаѓа до вратата. Со нејзиното отворање влегува во сосема нов свет, за кој никогаш не знаела дека постои.
Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.

5. „Прво лице еднина“ од Лилјана Лунгина


Книгата „Прво лице еднина“ е лична хроника за една епоха. Лунгина на величествен начин го опишува безумниот, а сепак прекрасен живот. Живот „исполнет до последен сантиметар“. Ова е книга за мајките и татковците. За пријателите и за ведрата среќа на пријателството и љубовта.
Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.