НОВО: „Лето како во ’Мама миа‛“ од Ени Робертсон за вљубеници во музиката на АББА

Веројатно нема некој што не го слушнал хитот „Mamma Mia“ од славната поп-група „АББА“. Повеќето можеби ги гледале мјузиклот или филмот инспирирани од најпознатите песни на шведскиот состав од седумдесеттите години. За сите обожаватели на музиката на „АББА“ и на филмот „Мама миа“, деновиве од печат излезе романот „Лето како во ’Мама миа‛“ од Ени Робертсон, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина ‒ публикации“.
Приказната во книгата се движи околу Лорел, која не ризикувала никогаш во животот. Сепак, како што се приближува летото, решена е да го направи она што никој не би го очекувал од неа. Инспирирана од музиката од омилената група „АББА“ и уште поомилениот филм „Мама миа“, го зема пасошот и се качува на лет за Скопелос, подготвена да доживее летна авантура. Со звукот на брановитe, опкружена со прекрасни предели, Лорел го истражува островот и ужива во дружењето со ексцентричната сопственичка на шармантната вила во која е сместена. Волшебните зајдисонца, остриот вкус на виното, мирисот на морето, преубавите плажи: сето тоа и прираснува за срце. Меѓутоа, кога ќе се наметне прашањето за враќање во Лондон, ќе мора да донесе важна одлука…

Книгата во моментов има промотивен 20 % попуст за онлајн нарачките преку следниот линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.