Пролетта буди весели чувства. Самата помисла на цутот на раскошните цветови, уживањето во убавите сончеви денови, во зеленилото и во свежиот воздух, позитивно влијае на секого, и покрај тоа што периодов, поради состојбата со вирусот корона, седиме безбедно во својот дом. Во време на социјална изолација, книгата е одлична придружба, без разлика дали сте стуткани во омилената фотелја во својот дом, опуштени на терасата со чаша овошен сок или, пак, под сенката на црешата во својот дворот. Блогерката Теона Манго изминатиот период поминува доста време читајќи книги. Таа деновиве ја освежи својата домашна библиотека со неколку нови наслови во издание на „Арс Ламина“, кои се достапни во книжарниците „Литература.мк“ (во Скопје и во Битола) и онлајн на http://www.literatura.mk.
1. „Дејзи Џонс енд Д Сикс“ од Тејлор Џенкинс Рејд

Книга на годината според најголемата светска заедница на љубители на книгите – „Гудридс“ (Goodreads). Само неколку месеци по прогласувањето за една од трите најпопуларни книги, како и најдобрата во областа на историска фикција според „Гудридс“, книгата излезе и на македонски јазик.
Сите ги знаат „Дејзи Џонс енд Д сикс“: албумот „Аурора“ на овој бенд ја дефинираше ерата на рокенролот во доцните седумдесетти и цела генерација девојчиња сакаа да бидат како Дејзи кога ќе пораснат. Но, никој не ја знае причината за распаѓањето на групата, една вечер по нивниот последен концерт на стадионот во Чикаго, на 12 јули 1979 година… сè досега. Дејзи е девојка на прагот на полнолетството во Лос Анџелес во доцните шеесетти години од минатиот век, која се прикрадува во клубовите на Сансет Стрип, спиејќи со рок-ѕвезди и која сонува да пее во „Виски а гоу-гоу“. Сексот и дрогата се возбудливи, но рокенролот е она што таа го сака најмногу. Кога ќе наполни дваесет години, нејзиниот глас ќе биде забележан, а нејзината зашеметувачка убавина ги предизвикува луѓето да прават луди работи. Паралелно ја следиме приказната за „Д сикс“, бенд предводен од меланхоличниот Били Дун. Вечерта пред нивната прва турнеја, неговата девојка дознава дека е бремена. Под притисок на претстојните татковство и слава, Били за време на турнејата комплетно откачува. Патиштата на Дејзи и Били ќе се вкрстат кога продуцентот сфаќа дека клучот на успехот е во нивното спојување. Она што следува понатаму станува легенда…
Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.
2. „Хари Потер и Каменот на мудроста“ од Џ. К. Роулинг

Првата книга од серијалот за Хари Потер од Џ. К. Роулинг излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. „Хари Потер и Каменот на мудроста“, како една од лектирите за деветто одделение, е дел и од едицијата „Лесно читливи лектири“ на „Арс Ламина“. Еден обичен ден во домот на Дарслиеви, на Привет драјв бр. 4 стигнува писмо за момчето во креденецот под скалите, Хари Потер. По многуте обиди на тетин Вернон да ги скрие писмата што постојано доаѓаат, една вечер на вратата се појавува Рубеус Хагрид од „Хогвортс“, училиштето за вештерство и волшебништво, и му вели на Хари дека е волшебник. Тогаш почнуваат авантурите на Хари и неговите пријатели, но, влогот е голем − целиот волшебнички свет е во опасност.
„Хари Потер и Каменот на мудроста“ е првиот дел од серијалот за сирачето-волшебник Хари Потер, кому му е врачена покана да изучува магија на училиштето Хогвортс за вештерство и волшебништво. Оттука, заедно со неговите најдобри пријатели, Хермиона Гренџер и Рон Визли, тој се обидува да го најде Каменот на мудроста и да го спречи темниот волшебник Лорд Волдеморт да си ја врати моќта.
Книгата е достапна во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк.
3. „Зен – Уметноста на едноставното живеење” од Шунмио Масуно
Преку јасни, практични и лекции што се учат лесно – по една на ден во текот на сто дена – познатиот будистички свештеник Шунмио Масуно евоцира мудрост стара со векови за да ви покаже како да ја применувате суштината на зен-будизмот во модерното живеење.
Тука ќе научите како длабоко да издишувате за да ги исфрлите негативните емоции, како да го средувате својот дом едноставно, што ќе ви помогне да ги расчистите вашите мисли, да ги подредувате обувките навечер за да внесете ред во вашиот ум, да засадите едно цвеќе и да гледате како расте, помалку да се грижите за она што не можете да го контролирате и уште многу други нешта…
Дури и ќе си создадете време за да не размислувате за ништо.
Поедноставете си го животот со уметноста на зен-будизмот и научете како да се чувствувате порелаксирано, поисполнето и со обновено чувство на мир и спокој.
Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.
4. „Анонимна девојка” од Грир Хендрикс и Сара Пеканен
Се бараат млади жени на возраст од 18 до 32 години да учествуваат во студија за етика и морал. За учеството е ветена великодушна компензација, плус анонимноста е загарантирана. Кога Џесика Фарис ќе се пријави да учествува во психолошката студија спроведена од мистериозната д-р Шилдс, мисли дека сè што треба да направи е да одговори на неколку прашања, да ги земе парите и да си оди. Но, како што прашањата стануваат сè поинтензивни и поинвазивни, а сесиите со сè повеќе барања, од типот што да облече и како да се однесува, Џес почнува да чувствува како д-р Шилдс да знае што мисли… и што крие.
Како што расте паранојата на Џес, станува јасно дека веќе не може да разликува што е реално во нејзиниот живот, а што е дел од манипулативните експерименти на д-р Шилдс. Заробена во мрежата на измама и љубомора, Џес мошне брзо сфаќа дека некои опсесии можат да бидат смртоносни.
Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.
5. „Се е за*бано“ од Марк Менсон
Од авторот на интернационалниот мегабестселер „Е, баш ме заболе“ доаѓа контраинтуитивен водич за проблемите со надежта.
Живееме во интересно време. Материјално, сè е подобро од кога и да е, но некако сè изгледа како да е непоправливо и ужасно заебано. Што се случува? Ако некој може да ја именува нашата моментна малодушност и да ни помогне да ја решиме, тоа е Марк Менсон.
Во „Сè е заебано“, Менсон исцртува планини од психолошки истражувања базирани на безвременската мудрост на Платон, Ниче, Кант, па и на Том Вејтс, за да ги дисецира религијата, политиката, парите, забавата и интернетот.
Со неговата препознатлива комбинација од ерудиција и хумор, Менсон нè предизвикува да бидеме почесни кон себеси, отворено спротивставувајќи се на нашите дефиниции на верата, среќата, слободата – дури и на надежта. Еден од најголемите модерни автори напиша уште една книга што ќе ја постави агендата на годините што доаѓаат.
Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.