Интервју со Матеј Зимбаков (Гоки): Од „Зоки Поки“ учиме дека секогаш треба да бидеме тука за другарите


Тој е среќно и весело дете. Многу сака да другарува, се разбира од техника, а мајстор е за видеоиграта „Фортнајт“ (Fortnite). Со овие зборови младиот актер Матеј Зимбаков го опишува Гоки ‒ ликот што го игра во новата ТВ-серија „Зоки Поки“. Тој признава дека не се разликуваат многу со Гоки од приказната на писателката Оливера Николова. И на двајцата другарството им е многу важно и сакаат да им помагаат на сите.
Во очекување на првата, од десетте епизоди на „Зоки Поки“, што ќе се емитува на 4 мај (понеделник) на Македонската радио-телевизија во 20.15 часот, ви ги претставуваме децата-актери, кои ги толкуваат главните улоги. Откако ги запознавме Матеј Настевски (Зоки Поки) и Анастасија Аневска (Лидија), дознаваме повеќе за Матеј Зимбаков (Гоки). Тој има девет години и учи во ОУ „Лазо Ангеловски“, Скопје.

*Здраво Матеј, кој ти е е омилен предмет во училиште?
‒ Омилени предмети ми се музичко и работа со компјутери.

* Какви книги сакаш да читаш?
‒ Најмногу сакам да читам детски стрипови.

*Ја имаш ли прочитано лектирата „Зоки Поки“ и колку серијата ќе се разликува од книгата?
‒ Лектирата „Зоки Поки“ ја имам прочитано трипати и секогаш која ја читав се смеев со солзи на лудориите од Зоки. Инаку, во лектирата го нема Гоки со видеоиграта „Фортнајт“.

* Како би го опишал Гоки?
‒ Гоки многу се разбира во техника и цело време игра на компјутер, а во училиште е бубалица. Гоки исто така, многу сака да се дружи со другарите.

* Што ти се допаѓа кај ликот што го играш?
‒ Најмногу ми се допаѓа неговата желба за играње „Фортнајт“.

* Во што сте слични, а во што се разликувате со Гоки?
‒ Со Гоки многу малку се разликуваме по карактер. И Гоки и јас сме среќни и весели деца. Другарството ни е многу важно , сакаме да играме игрици и да им помагаме на сите. Се разликуваме само во тоа што Гоки не игра кошарка, а јас покрај другото сум и кошаркар.

*Како стана дел од актерката екипа на серијата „Зоки Поки“?
‒ Отидов на кастинг за избор на ликови за серијата „Зоки Поки“ и ме примија.

* Дали ова ти е прв актерски ангажман? Како ти се роди желбата за глума?
‒ Да, оваа ми е прв актерски ангажман. Желбата за глума ми се роди гледајќи го Жаре од емисијата „Еден на еден“.

* Кажи ни некоја интересна случка од филмскиот сет?
‒ Снимањето помина одлично. Најмногу ќе се сеќавам на случката, кога снимавме сцена во ходникот на зградата, Боки случајно се лизна и јас по него исто. Тоа беше непланирано, а многу смешно паѓање и режисерот ни кажа дека ќе го стават во епизодата.

*Што ти остави најголем впечаток од снимањето?
‒ Најголем впечаток од снимањето ми остави екипата со која се дружевеме цело лето и ми беше многу убаво.

*Како се согласувавте со другите деца на филсмкиот сет?
‒ Сите заедно сме една добра весела екипа и многу се дружиме.

* Дали возрасните актери ви помагаа да се снајдете во улогите? Каква беше соработката со нив?
‒ Да, возрасните актери многу ни помагаа и одлично соработувавме со нив.

* Која е пораката на приказната? Што можеме да научиме од „Зоки Поки“?
‒ Секогаш можеме да го пронајдеме вистинското другарство и секогаш треба да бидеме тука за вистинските другари.

 

One thought on “Интервју со Матеј Зимбаков (Гоки): Од „Зоки Поки“ учиме дека секогаш треба да бидеме тука за другарите

  1. Пингување: Интервју со Матео Матоски: На хуморот на Боки се смее целата екипа на „Зоки Поки“ | Literatura.mk

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.