НОВО: Холандскиот бестселер за деца „Кралот на Каторен“ објавен на македонски јазик


Холандскиот бестселер за деца „Кралот на Каторен“ од Јан Терлоу излезе од печат на македонски јазик во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Книгата, по која е снимен и истоимениот филм во 2012 година, е возбудлива авантура во која се зборува за веселиот, стар крал на Каторен кој починал и го оставил престолот празен.
Шестмина алчни министри ја презеле власта со изговор дека го бараат новиот крал, но ништо од тоа – цели седумнаесет години. Тогаш одненадеж, пред портите на кралската палата се појавило едно момче, кое се родило на денот на смртта на кралот.
Седумнаесетгодишниот момчето по име Стач било одлучно да стане новиот владетел, па ги прашало шестемина министри што треба да стори за да ја добие таа функција. Исплашени да не ја загубат својата одлична позиција, министрите му задале на Стач седум речиси невозможни задачи, што може да ги исполни единствено оној кој ги поседува кралските особини – мудрост, храброст и пожртвуваност. Но, Стач се покажал бестрашен и доблестен, а неговите чесни намери и кралски особини го довеле до тронот на Каторен.

Изданието е достапно во книжарниците „Литература.мк“, а онлајн може да се нарача на следниот линк.

One thought on “НОВО: Холандскиот бестселер за деца „Кралот на Каторен“ објавен на македонски јазик

  1. Пингување: Извадок од „Кралот на Каторен“ од Јан Терлоу | Literatura.mk

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.