Онлајн промоција на книгата „Херојски приказни“ во издание на „Арс Ламина“

На 29 април 2020г. (среда), со почеток во 19 часот, ќе се одржи онлајн промоција на новата книга „Херојски приказни: Митови, легенди и приказни од различни делови на светот“, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Станува збор за прв дел од едицијата „Мнемосина“, која вклучува прeводи на приказни, митови и легенди, кои од англиски јазик ги преведоа 11 студенти од трета година од Катедрата за англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Скопје, под менторство на доц. д-р Мира Беќар.

„Со отворањето на оваа книга тргнувате во авантура која ќе ве однесе од топлите мориња на Медитеранот до студените, страшни шуми на Северот. Ќе видите како Прометеј им го подарил огнот на луѓето, како Персеј ја поразил горгоната Медуза, и како Херкул ги извршил сите дванаесет задачи. Но, исто така, ќе ја откриете истрајноста на Фритјоф, љубовта на Лоенгрин и убавата Елса, и тврдоглавоста на ковачот Вејланд. Дури и ќе се потсетите на еден херој што ви е многу близок, а сте заборавиле дека и тој е дел од овој пантеон – Крале Марко.
Во овие приказни е наталожена вековна историја, традиција и мудрост – од нив може да научите многу. Но, ако не сакате, не ги читајте приказните поради тоа. Читајте ги затоа што се толку интересни и возбудливи, што дури и денес го привлекуваат нашето внимание“.

Видео-промоцијата ќе се емитува на „Фејсбук“ профилот на „Литература.мк“.
Книгата е достапна во книжарниците „Литература.мк“, а онлајн може да се нарача на следниот линк.

One thought on “Онлајн промоција на книгата „Херојски приказни“ во издание на „Арс Ламина“

  1. Пингување: Интервју со доц. д-р Мира Беќар: „Херојски приказни“ ги овековечи безвременските митови, легенди и приказни | Literatura.mk

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.