Благој Нацоски: Пеењето ме исполнува и ме ослободува истовремено


Нашиот врвен оперски уметник од светски глас, тенорот Благој Нацоски, во најновото издание на емисијата „Остани дома со Астрорум“ вели дека „постојано пее, во исто време пеењето го исполнува и го ослободува“.
Тој иако се наоѓа во својот втор дом во Џенова, Италија ‒ најпогодената земја во Европа од коронависрусот и иако во терминот во кој се одвиваше интервјуто брзината на интернет врските беше на ниско ниво, тој даде особено инспиративно интервју за „Астрорум“.

Благој Нацоски е нашиот најпознат тенор во светот. Неговите оперски изведби бележат огромни успеси во најпрестижните оперски храмови, како Миланска скала, но и во сите оперски куќи во Италија, потоа на најдобрите сцени во Германија, Австрија, Полска, Чешка, Унгарија, Франција, Белгија, Хрватска, Шпанија, Кипар, Швајцарија, но и во Канада, САД, Бразил, Уругвај, Тајланд, Јапонија… Ако Миланската скала на многумина им останува вечен сон, за Благој таа стана прекрасна реалност, која му се оствари дури неколку пати. Отсега, улогата на Пинг од операта „Турандот“ вечно ќе биде врежана во неговите најубави сеќавања, но и во аналите на македонската оперска историја, а оваа продукција излезе и на дивиди во издание на престижната куќа „ДЕККА“, што ја прави уште позначајна. Се разбира, ова не е единствениот носач на звук кој го носи гласот на Нацовски и сведочи за неговите врвни остварувања.

Инаку, Благој Нацоски е роден во Скопје, во семејство на музичари. По завршувањето на средното музичко образование во Скопје, Нацоски заминува во Рим, каде што својот глас го школува со светски познатите уметници и педагози Мирела Паруто и Антонио Боаје. Во 2003 година дипломира на Конзерваториумот „Личинио Рефиче“ во Фрозиноне, Италија. Својата вокална техника ја усовршува и со Ана Ванди во Рим, потоа со специјалистот за тенорскиот репертоар на Росини, Раул Хименез во Барселона и со Силвија Боса, во Фиренца. За време на школувањето во Италија, Нацоски остварува богата концертна дејност во Италија и во Македонија.

Професионалната кариерата на Нацоски започнува во 2003 со настапот на сцената на Римската опера (Teatro dell’Opera di Roma), како прв Македонец што воопшто настапил во оваа престижна оперска куќа. Оттаму неговата кариера рапидно се шири низ целиот свет, настапувајќи во најпрестижните театри низ целиот свет како „Сан Карло“ во Неапол, „Реџо“ во Парма, Операта во Каљари, „Верди“ во Трст, „Карло Феличе“ во Џенова, Операта во Сасари, Цирих Опернхаус, Баварската државна опера од Минхен, Операта во Франкфурт, Државната опера во Штутгарт, Кралската опера „Ла Моне“ во Брисел, Канадската опера во Торонто, Операта во Сиетл, Националната опера во Прага, Операта во Лимож, Гран Театарот во Екс Ан Прованс, Театарот „Бунка Каикан“ во Токио, „Сантори Хол“ во Токио, Рјутопиа центарот во Ниигата, Национална опера во Варшава, Градскиот театар во Клагенфурт, Националната моравска опера во Острава, како и фестивалите во Салцбург, Мишколц и Халвил.

Нацоски има снимено и неколку дивиди изданија: „Сонот на Скипион“ за „Дојче Грамофон“ и „Аријадна на Наксос“ за ТДК, како и цедиња: „Лучија од Ламермур“ за „Динамик“, „Ромео и Јулија“ заедно со Андреа Бочели за ДЕККА, „Зенобија во Палмира“ за „Бонџовани“ и „Те Деум“ од Флавио Колусо за „МР Класикс“. На 27 јануари оваа година излезе и дивиди блу-реј издание од претставата „Турандот“ од Миланска скала (за ДЕККА).
Во 2008 е прогласен за амбасадор на македонската култура во Италија, а во 2016 доби и признание „Човек на годината“ од весникот „Нова Македонија“.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.