Со цел да ги поттикнеме читањето и љубовта кон пишаниот збор кај најмладите, минатиот месец ја почнавме акцијата „Нашите вработени ви читаат“. На нашиот канал на „Јутјуб“ објавуваме видеа во кои изминативе два месеца вработените на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ ги читаат омилените детски книги.
Двата дела од светскиот книжевен хит „Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња“ од Елена Фавили и Франческа Кавало, се едни од најбараните во нашите книжарници, но и најпрегледувани видеа во рамки на оваа кампања.
Во секоја од овие книги за деца и возрасни се вклучени сто приказни за добра ноќ, посветени на животот на сто неверојатни жени од минатото и од сегашноста, илустрирани од 60 женски уметници од целиот свет. Оваа книга ги инспирира девојчињата со приказни за големи и силни жени, од Елизабета Прва до Серена Вилијамс. Ова не се приказни за нежните принцези кои чекаат да дојде принцот и да ги спаси, туку се приказни за вистински жени од минатото и од сегашноста кои постигнале неверојатни резултати, без разлика на околностите. Бунтовни девојки чиишто дејства го смениле текот на историјата. Сликарки, научнички, танчарки, врвни готвачки, астронаутки, џез-пејачки, фараонки, боксерки, писателки, политички водачи… од сите краишта на планетата! Ова е збирка од приказни што ќе ги инспирираат девојчињата (и нивните мајки, тетки, братучетки…) да бидат самоуверени, да сонуваат за големи нешта и да се развиваат во силни, цврсти, успешни личности.
Книгите се достапни во книжарниците „Литература.мк“, a онлајн може да се нарачаат на www.literatura.mk.
Првиот дел е достапен на следниот линк.
Вториот дел е достапен на следниотлинк.