Валентин Петрески: Читам инспиративни биографии и книги за личен развој


Креативецот кој стои зад брендот за уникатни подароци, „ТиноСки“, познат и како ко-водител на забавната емисија „Урбан таг“, која се емитува на „ТВ 21“, Валентин Петрески, преферира да чита инспиративни биографии и книги за личен развој. Кога го замоливме да ни сподели кои книги ги чита овој период тој изјави:
‒ Личните приказни и приказните на големите брендови отсекогаш ми биле интересни за читање. Истовремено мој избор периодов се и книгите за личен развој и поинакви перцепции на светот околу нас. Од секого може да научиш нешто. Сфаќаш дека на овој свет сите имаат исти препреки, успеси и падови, предизвици и околина на живеење. Различноста е во твојот пристап, перцепцијата, упорноста и истрајноста. Ова се дел од книгите од „Литература.мк“ кои препорачувам периодов да ги прочитате.

1. „Напред: Како Старбакс се бореше за неговиот живот без да ја изгуби својата душа“ од Хауард Шулц

Ова е книга за борбата за опстанок и сите премрежја на „Старбакс“, местото каде што сум го испил најголемото кафе и местото чиј принцип на самоуслужување и опуштеност во делот за клиенти многу ми се допаѓа. „Напред!“ на Хауард Шулц е една од најважните книги за лидерство и за промената на нашето време, и за секоја генерација на лидери.
Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.

2. „Опра“ од Кити Кели

Топло ја препорачувам биографијата за една од најмоќните жени во светот и една од неколку лични примери за професионален развој. Нејзината различност, останувањето на своето ЈАС во моменти на уреднички притисоци и дискриминација ја направи денес да биде една од најпопуларните водителки и влијателни личности.
Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.

3. „Becoming: Мојата приказна“ од Мишел Обама


Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, отсекогаш пленела со својот став, нетипичност во поставувањето кон светот и начинот на кој ја извршуваше својата функција. Интересна приказна која ќе ви открие дел од тајните на секојдневието кои се случуваат во позадина на она што сите останати го гледаме за животот и работата на претседателот и неговото семејство.
Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.

4. „Фројд, биолог на умот: зад легендата на психоанализата“ од Френк Џ. Саловеј

 

Следно што би сакал да читам, а е дел од понудата на „Литература.мк“ е „Фројд, биолог на умот: зад легендата на психоанализата“ од Френк Џ. Саловеј. Звучи предизвикувачки со оглед на сите теории кои ги поставил, а денес ги гледаме во секојдневието. Ме заинтересира и коментарот за оваа книга на критичарот на „Модерн сајкоанализис“, кој вели: Извонредно возбудливо и просветлувачко дело… Навистина сеопфатна интелектуална биографија на Фројд и на аналитичкото движење што во себе го содржи научниот аспект што толку многу недостига во претходните обиди за сочинување на едно вакво дело… Резултатот што го имаме пред нас е информативно, авторитативно и сеопфатно дело, полно со секакви откровенија и нови верзии на низа стари и познати приказни, како за Фројд, така и за голем број негови современици. Претставата за Фројд и за корените на психоанализата по читањето на оваа книга неминовно се менува“.
Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.

5. „Што и да те прави среќен“ од Вилијам Сатклиф

 

Станува збор за исклучително духовит роман, во кој се преплетуваат љубовта, згодите и страдањата на три компликувани семејства. Приказната се движи околу трите мајки Џилијан, Хелен и Керол, кои живеат во едно предградие и со години редовно пијат кафе заедно. Нивните синови сега се неоженети триесет и четиригодишници, без деца, никогаш не им се јавуваат и, се чини, никогаш нема да пораснат. Еден ден Керол предложува секоја од нив ненадејно да го посети својот син, да помине со него една недела и да открие која е вистинската причина поради која не е во состојба да води одговорен живот на возрасна личност.
Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.

6. „Зошто јас?” од Мартин Јованоски

 

Авторот на оваа книга ни беше драг гостин во емисијата „Урбан Таг“. Има што да се научи од него и од неговата книга, која ја препорачувам на сите што се соочуваат со анксиозноста и со паничните напади. Книгата пред сè е корисна за надминувањето на стравот со себе. Во неа Мартин храбро ја споделува својата приказна со останатите кои имаат иста или слична приказна.
Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.