Со ремек-делата од Шекспир и Сервантес го одбележуваме Светскиот ден на книгата

Датумот 23 април има голема симболика за светската литература. Од 1995 година на овој ден го одбележуваме Светскиот ден на книгата и на авторското право. Веројатно се прашувате зошто? На овој ден се родиле, но и починале едни од најголемите автори на сите времиња. На овој датум во 1616 година починале Шекспир, Сервантес и Инка Гарсиласо де ла Вега. Тоа е, исто така, датум на раѓање или смрт на други истакнати автори, како што се Морис Друон, Халдор К. Лакнес, Владимир Набоков, Јозеп Пла и Мануел Мехиа Ваљехо. Од почит кон интернационално познатите книги и автори и нивната поврзаност со овој датум, поттикнувајќи ги сите, а особено младите луѓе, да го откријат задоволството од читањето и да стекнат почит кон незаменливиот придонес на оние кои го унапредуваат социјалниот и културниот напредок на човештвото, УНЕСКО го создал Светскиот ден на книгата и авторското право. Ова бил природен и очекуван избор на Генералната конференција на УНЕСКО, која се одржала во Париз во 1995 година.
Годинава Светскиот ден на книгата и на авторското право го одбележуваме со ремек-делата од двата книжевни великана: Вилијам Шекспир и Мигел де Сервантес Сааведра, кои на македонски јазик се во издание на „Арс Ламина“, а достапни се во книжарниците „Литература.мк“.

Шекспир за деца


Најпознатите драми од легендарниот британски драмски автор и поет Вилијам Шекспир неодамна излегоа од печат адаптирани за најмладите читатели, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Во едицијата „Шекспир за деца“ на македонски јазик се вкучени осум книги: „Ноќ спроти водици“, „Крал Лир“, „Ричард Трети“, „Хамлет“, „Зимска приказна“, „Многу врева за ништо“, „Ромео и Јулија“ и „Како што милувате“. Овие куси наративни и илустрирани верзии на драмите сe прилагодени за помладите читатели. Децата можат самостојно да ги читаат или, пак, со помош на родителите. Исто така, може да се користат и како дополнителна литература во наставата. Лесната нарација и илустрациите во комичен стил со сигурност ќе го привлечат интересот на децата и ќе придонесат за подобар развој на нивните читачки вештини. Серијалот е одлична можност децата уште од мала возраст да се запознаат со делата и значењето на Шекспир, нешто што се подразбира како дел од општата култура на секој човек.
За сите деца-љубители на пишаниот збор, кои се љубопитни да ги откријат овие приказни, претставуваме куса содржина на секоја од книгите.

Делата од Шекспир се достапни за онлајн-нарачка на следниот линк.

„Дон Кихот“ од Мигел де Сервантес 

Изворно објавен во два тома во 1605 година и деценија подоцна, „Дон Кихот“ на Мигел де Сервантес е првиот модерен европски роман, камен-темелник на западноевропската книжевност, дело што има оставено неизбришлива трага врз светската култура и човековата колективна меморија. Едновремено сметан и за еден од најсмешните и за еден од најтрогателните романи во историјата, „Дон Кихот“ ги следи авантурите на епонимниот херој кој, заведен од, тогаш популарните, витешки новели, си вообразува дека е витез, па го подјармува својот исушен коњ Росинант и, заедно со својот приземен и рационален сосед Санчо Панса – а речиси секогаш со вљубена мисла вперена кон идеалната дама Дулсинеја од Тобосо – тргнува во потрага по светските несреќи: да ги влоши онаму каде што постојат, да ги создаде онаму каде што ги нема. Но, како што напредува делото, така се замаглува и острата поделба меѓу Дон Кихот и Санчо Панса, а со тоа се бришат и границите помеѓу лудоста и доблесноста, помеѓу високите идеали и навидум здодевната здраворазумност. И додека карактерите на Дон Кихот и неговиот штитоносец се прелеваат еден во друг, и перото на Сервантес почнува да се колеба меѓу неговите првични намери и судбината на неговиот омилен херој: „Само за мене се роди Дон Кихот“, вели на крајот, „и јас за него; тој умееше да дејствува, а јас да пишувам“.
Навестувајќи низа постмодернистички техники и исцрпувајќи широка палета можности на жанрот, „Дон Кихот“ го осмислува романот како најеластичниот книжевен жанр и со решавачки потег го постила црвениот тепих за востоличување на идната доминантна книжевна форма.
Делата од Сервантес се достапни за онлајн-нарачка на следниот линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.