Удобно сместени во омиленото катче за читање во вашиот дом, овој период е идеален за читање книги. Доколку успеавте да ги прочитате книгите што одамна чекаа на вашите полици, време е да ја освежите домашната библиотека со неколку нови возбудливи наслови во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Книгите се достапни во книжарниците „Литература.мк“, а можат да се нарачаат и онлајн на http://www.literatura.mk. На листата се романот на годината според „Гудридс“ и бестселер на „Њујорк тајмс“, напнати трилери, мистерии, романси и интересни биографии.
1. „Дејзи Џонс енд Д сикс“ од Тејлор Џенкинс Рејд
Книга на годината според најголемата светска заедница на љубители на книгите – „Гудридс“ (Goodreads). Само неколку месеци по прогласувањето за една од трите најпопуларни книги, како и најдобрата во областа на историска фикција според „Гудридс“, книгата излезе и на македонски јазик.
Сите ги знаат „Дејзи Џонс енд Д сикс“: албумот „Аурора“ на овој бенд ја дефинираше ерата на рокенролот во доцните седумдесетти и цела генерација девојчиња сакаа да бидат како Дејзи кога ќе пораснат. Но, никој не ја знае причината за распаѓањето на групата, една вечер по нивниот последен концерт на стадионот во Чикаго, на 12 јули 1979 година… сè досега. Дејзи е девојка на прагот на полнолетството во Лос Анџелес во доцните шеесетти години од минатиот век, која се прикрадува во клубовите на Сансет Стрип, спиејќи со рок-ѕвезди и која сонува да пее во „Виски а гоу-гоу“. Сексот и дрогата се возбудливи, но рокенролот е она што таа го сака најмногу. Кога ќе наполни дваесет години, нејзиниот глас ќе биде забележан, а нејзината зашеметувачка убавина ги предизвикува луѓето да прават луди работи. Паралелно ја следиме приказната за „Д сикс“, бенд предводен од меланхоличниот Били Дун. Вечерта пред нивната прва турнеја, неговата девојка дознава дека е бремена. Под притисок на претстојните татковство и слава, Били за време на турнејата комплетно откачува. Патиштата на Дејзи и Били ќе се вкрстат кога продуцентот сфаќа дека клучот на успехот е во нивното спојување. Она што следува понатаму станува легенда…
Книгата е достапна за онлајн-нарачка на следниот линк.
2. „Анонимна девојка“ од Грир Хендрикс и Сара Пеканен
Се бараат млади жени на возраст од 18 до 32 години да учествуваат во студија за етика и морал. За учеството е ветена великодушна компензација, плус анонимноста е загарантирана. Кога Џесика Фарис ќе се пријави да учествува во психолошката студија спроведена од мистериозната д-р Шилдс, мисли дека сè што треба да направи е да одговори на неколку прашања, да ги земе парите и да си оди. Но, како што прашањата стануваат сè поинтензивни и понепријатни, а сесиите со сè повеќе барања, од типот што да облече и како да се однесува, Џес почнува да чувствува како д-р Шилдс да знае што мисли… и што крие.
Како што расте паранојата на Џес, станува јасно дека веќе не може да разликува што е реално во нејзиниот живот, а што е дел од манипулативните експерименти на д-р Шилдс. Заробена во мрежата на измама и љубомора, Џес мошне брзо сфаќа дека некои опсесии можат да бидат смртоносни.
Книгата е достапна за онлајн-нарачка на следниот линк.
3. „Мојата прекрасна сопруга“ од Саманта Даунинг
Едно случајно убиство кај една млада брачна двојка ќе поттикне мрачни желби за игри што ги надминуваат границите на дозволеното. Нивната љубовна приказна е едноставна. Запознал прекрасна жена, се вљубиле и добиле деца. Заедно со својата жена се преселил во едно предградие. Откриле кои се нивните најголеми соништа, но и најмрачни тајни. Потоа сè им станало здодевно… Изгледаат како секоја нормална двојка. Тие се ваши соседи, родители на другарот на вашето дете, познајници со кои ќе седнете на вечера. Сите ние имаме тајни со чија помош го одржуваме бракот жив. Нивната е како да побегнат од одговорноста за убиствата. Тие се уигран тандем во кој секој ја знае својата улога. Но, кога едниот од нив ќе ги прекрши правилата на игра, одмаздата што го чека ќе биде страшна.
Книгата е достапна за онлајн-нарачка на следниот линк.
4. „Што направи?!“од Клер Мекгован
Требаше да биде совршено повторно обединување: шест пријатели од средно заедно по дваесет години. Домаќинката Али има живот каков што посакувала отсекогаш, кариера со која може да се гордее и прекрасно семејство со нејзиното момче од средно, сега сопруг. Но, таа вечер нејзината најдобра пријателка искажува шокантно обвинение по кое ништо нема да биде исто. Кога Карен влегува од градината, крвава и повредена, тврди дека била нападната од сопругот на Али, Мајк. Али мора да одлучи веднаш: кому да му верува? На нејзиниот преплашен сопруг или на најдобрата пријателка? Мајк раскажува сосем поинаква верзија на настаните, Али знае дека еден од нив лаже – но кој? И зошто? Хаосот што го зафаќа нејзиниот живот ја принудува да ги преиспита златните години што групата ги поминала заедно. Али сфаќа дека има и помрачни сеќавања. Сеќавања што лежат закопани со децении. Сеќавања за кои некој би убил за да ги заштити.
Книгата е достапна за онлајн-нарачка на следниот линк.
5. „Разделба“ од Силвија Араси
Отсуство. Што да се прави со тој празен простор, со таа тишина што обзема сè? Како да се издржат бесконечните секунди во кратките секојдневија, кога некој веќе не е присутен каде што секогаш бил? Едно утро, Лусија се буди и гледа во човекот кој спие покрај неа – како и секое утро во последните петнаесет години. Но, во следните неколку часови, тој човек ќе биде нејзиниот поранешен сопруг и ќе го напушти нејзиниот кревет, нејзиниот дом, нејзиниот живот. Преку својата јасна и воодушевувачка проза, Силвија Араси нè вклучува во секојдневието на протагонистката, во нејзините емотивни состојби и нејзините спомени. Ликот на Лусија ќе го препознаваме секогаш кога отсуството ќе биде дел од нашите животи.
Книгата е достапна за онлајн-нарачка на следниот линк.
6. „Другиот Ајнштајн“ од Мари Бенедикт
Станува збор за извонредна биографска фикција што пишува за бурната љубов меѓу Милева и Алберт. Книгата открива многу историски детали за нивната врска, но и за времето во кое живееле. Мица Мариќ секогаш била различна од другите девојки. Во своите дваесетти години, повеќето веќе биле сопруги и мајки. Не учеле физика на елитен Универзитет во Цирих, ниту, пак, другите мажи се натпреварувале со нив во решавање равенки. Но, Мица била доволно паметна да знае дека за неа математиката е поедноставна од бракот. И тогаш, еден колега од нејзиниот факултет – Алберт Ајнштајн – ќе покаже интерес за неа. Како последица, нејзиниот свет ќе се сврти наопаку. Нивната врска не е само емотивна туку и интелектуална. Но, се чини, во една врска има место за само еден гениј. Авторка на книгата, Мари Бенедикт, е адвокатка од САД, која, покрај плодната кариера во врвни адвокатски фирми, чувствува незадржлив порив да пишува за непознатите приказни на познатите жени. И добро е што чувствува, бидејќи таа се открива како извонреден автор кој со своите читки, интересни, а истовремено продлабочени осврти на познатите жени низ историјата одговара на многу прашања и отвора нови. Пишувајќи и под псевдонимот Хедер Тирел, го привлекува вниманието како на читателската публика, така и на критиката, па нејзините книги брзо напредуваат кон статусот на меѓународни бестселери.
Книгата е достапна за онлајн-нарачка на следниот линк.
7. „Лето како во ’Мама миа‘“ од Ени Робертсон
Лорел не ризикувала никогаш во животот. Сепак, како што се приближува летото, решена е да го направи она што никој не би го очекувал од неа. Инспирирана од музиката од омилената група АББА и уште поомилениот филм „Мама миа“, го зема пасошот и се качува на лет за Скопелос, подготвена да доживее летна авантура. Со звукот на брановитe, опкружена со прекрасни предели, Лорел го истражува островот и ужива во дружењето со ексцентричната сопственичка на шармантната вила во која е сместена. Волшебните зајдисонца, остриот вкус на виното, мирисот на морето, преубавите плажи: сето тоа ѝ прираснува за срце. Меѓутоа, кога ќе се наметне прашањето за враќање во Лондон, ќе мора да донесе важна одлука…
Книгата е достапна за онлајн-нарачка на следниот линк.