Марко Марк: Моите топ 5 предлози на книги од „Литература.мк“

Популарниот ТВ-водител Марко Марк, покрај секојдневниот ангажман во емисијата „90 минути“ на телевизијата „Телма“, овој период наоѓа време да прочита и некоја добра книга. Во неговата листа со наслови од „Литература.мк“, што ги препорачува за периодот на изолација, се книги за и од најголемите научни и филозофски умови, како и роман од книжевниот крал на хоророт. Ова е неговиот избор:

1. „Моите изуми“ од Никола Тесла

Како и многумина, верувам, секојпат кога ќе наидам на книга за (и од) Никола Тесла со најголемо воодушевување ја надополнувам својата домашна библиотека. „Моите изуми“ е фасцинантна и возбудлива автобиографија што ни дозволува да се нурнеме во светот на еден од најголемите умови и креатори. Читајќи ја, се присетив на едно интервју што го дал Тесла, чинам, во триесеттите години од минатиот век за весникот „Бесмртност“, што инаку било (веројатно денес и многу добро знаеме од кои причини) скриено повеќе од сто години. Оваа книга е уште едно добро четиво од еден од најинтелигентните, генијални, иновативни, мистериозни умови во историјата на човековото битисување и постоење на планетата Земја.
Книгата е достапна за онлајн-нарачка на следниот линк.

2. „Астрофизика за луѓе кои немаат време“ од Нил Деграс Тајсон

Од Нил Деграс Тајсон, еден од најактуелните астрофизичари, кој е препознатлив по неговите проекти „StarTalk“, би ја издвоил книгата „Астрофизика за луѓе кои немаат време“. Ова дело изобилува со прекрасни тематики од областа на универзумот. Совршена е за сите што ги интересираат теми како: црната дупка, големата експлозија, квантна физика, откривањето нови планети, потрагата по вонземски живот. Преку едноставен јазик Нил ни ги објаснува сложените концепти за вселената.
Книгата е достапна за онлајн-нарачка на следниот линк.

3. „Фројд, биолог на умот: зад легендата на психоанализата“ од Френк Џ. Саловеј

Книгата за т.н. татко на психоанализата – „Фројд, биолог на умот: зад легендата на психоанализата“ од Френк Џ. Саловеј верувам дека ќе биде интересна за секој што некогаш се занимавал или, пак, во моментов ја обработува психологијата како област. Иако веројатно многумина мислат дека неговите размислувања и ставови се ретроградни, еднострани, сѐ уште верувам дека ќе го читаме, анализираме и консумираме Сигмунд Фројд – големиот ум кој ни го претстави универзалниот клуч за човечката потсвест. Оваа книга е една вистинска и возбудлива биографија со неговите крајно фасцинантни инспирации.
Книгата е достапна за онлајн-нарачка на следниот линк.

4. „Тркачот“ од Стивен Кинг

Многу генерации пораснаа со неговите трилер-хорор приказни и неговото име веројатно кај многумина предизвикува морници, но и возбуда. Стивен Кинг е синоним на мрачните сценарија полни со фантазии. Не залудно речиси сите негови дела се адаптирани на големото филмско платно. Овој пат го препорачувам последното прочитано дело од овој писател, научно-фантастичниот трилер – „Тркачот“.
Книгата е достапна за онлајн-нарачка на следниот линк.

5. „Иднината на умот“ од Мичио Каку

„Нашиот ум, и покрај тоа што не е целосно разбран, е секако разбирлив.“ Се согласувам со оваа мисла на Мичио Каку, авторот на петтата книга што ја препорачувам за овој период: „Иднината на умот“. Многумина веројатно го познаваат овој автор по неговите научни трудови што биле споделени на многубројни телевизии и радија, а негови текстови се објавени во многубројни списанија. Тој постојано дава дециден став дека општеството во иднина го очекува похумана приказна. Ми се допаѓа овој негов позитивен став за иднината на човештвото.
Книгата е достапна за онлајн-нарачка на следниот линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.