Ова е свет поделен според бојата на крвта – на оние со црвена и на оние со сребрена крв. Црвените едвај сврзуваат крај со крај, додека со светот владеат Сребрените, воини со натчовечки моќи, способности да управуваат со огнот и со водата, да владеат со природата, да предвидуваат, да исцелуваат…
Ова е воведот во еден од најчитаните романи за млади, „Црвена кралица“, од американската авторка Викторија Авејард. По успехот на оваа книга, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, од печат излегоа уште два дела од трилогијата „Црвена кралица“: „Стаклен меч“ (2019 г.) и „Кралски кафез“, објавен неодамна.
„Црвена кралица“ според „Гудридс“ беше прогласен за најдобар дебитантски роман во 2015 година, лансирајќи ја Викторија Авејард (родена во 1990 година) како една од најнадежните авторки на книги за млади. Ви ја откриваме кратката содржина на трите дела, што се достапни во „Литература.мк“, а можат да се нарачаат и онлајн на http://www.literatura.mk.
1. „Црвена кралица“ (прв дел)
Мер Бероу е Црвена девојка која на почетокот верува дека тоа е еден свет што не може никогаш да се промени. Кога неочекувано завршува како слугинка во палатата на Сребрените, се наоѓа точно во средиштето на сето она што го мрази од дното на душата. Но, Мер набрзо потоа открива дека, и покрај црвената крв што ѝ тече низ вените, и таа поседува неверојатна моќ. Моќ што би можела од темел да го растресе кралството на Сребрените! Моќ што би можела да предизвика револуција! Но, ова е свет на лаги и измами, на предавства, каде што Мер е принудена да заигра опасен танц – Црвени против Сребрени, принц против принц и самата таа против сопственото срце… Кој ќе биде победник во светот на крвните поделби? Ќе завладее ли Црвената кралица со Сребрениот свет?
Книгата е достапна за онлајн-нарачка на следниот линк.
2. „Стаклен меч“ (втор дел)
Крвта на Мер Бероу е црвена – иста како крвта на обичниот народ – но нејзината Сребрена способност, моќта да ја контролира молњата, ја има претворено во оружје што кралскиот двор сака да го има под своја контрола. Ја нарекуваат грешка, аномалија, но кога успева да избега од Мејвен, од принцот – кого го смета за пријател – кој ја изневерува, Мер открива нешто неверојатно: таа не е единствената со такви моќи и способности. Гонета од Мејвен, кој сега веќе е крал жеден за одмазда, Мер се впушта во потрага по другите како неа, со црвена крв, но со моќи и способности што дури и ги надминуваат оние на Сребрените, за да ѝ се придружат во борбата против угнетувачите. Но, така Мер стапнува на една мошне опасна патека, каде што ризикува да се престори во исто онакво чудовиште какво што, всушност, се обидува да порази. Дали ќе се скрши под притисокот што го наметнуваат животите што треба да се жртвуваат по цена на востанието? Или, пак, предавството и изневерувањето на довербата ѝ го стврднаа и замрзнаа срцето засекогаш?
Книгата е достапна за онлајн-нарачка на следниот линк.
3. „Кралски кафез“ (трет дел)
Икабод Крејн е патувачки учител во Теритаун, гратче на холандски доселеници сместено во околината на мистериозната Сонлива долина, место што изобилува со приказни и легенди за вештерки и најразлични призраци. Една од нив е и приказната за Безглавиот коњаник, некојси хесиски војник, „кому топовско ѓуле му ја откинало главата во некоја безимена битка“ и кого мештаните одвреме-навреме го гледаат „како вјаса во темнината на ноќта, небаре го носи ветрот“. Овие приказни ја окупираат имагинацијата на учителот и неретко го плашат за време на самотните прошетки во ноќта. Од друга страна, истиот тој Крејн се вљубува во локалната убавица Катрина ван Тасел, ќерката на најбогатиот човек во Теритаун, и почнува борба за нејзиното срце со Бром ван Брант, локалниот силеџија кој е, исто така, вљубен во неа. Љубовта и мистеријата, призраците и скршените срца – тоа се темите што се вкрстуваат во оваа прекрасна готска приказна, што навистина вреди да ја прочитате!
Книгата е достапна за онлајн-нарачка на следниот линк.
Здраво, сакам да знам дали ке биде преведен и четвртиот дел од Црвената кралица, и дали тоа ќе биде наскоро.