Стивен Кинг жали што многумина се чувствуваат како да се заглавени во негов роман

Светот во 2020 година е како хорор-филм напишан од Стивен Кинг, а режиран од Квентин Тарантино.

Ова реченица изминатиот период често се споделува на социјалните мрежи – како опис за лошата ситуација со која се соочува светот заради пандемијата на коронавирусот. Ова било доволно силна провокација американските медиуми да го прашаат Стивен Кинг како се чувствува во врска со оваа констатација.
Кралот на хоророт, како што го нарекуваат Кинг во книжевниот свет, вели дека „жали што луѓето ширум светот се чувствуваат како да се заглавени во негов роман“. Имено, многумина најдоа сличности помеѓу сегашната ситуација и приказната во неговиот апокалипричен роман „The Stand“ („Упориште“) од 1978 година. Во книгата се зборува за смртоносна пандемија на грип, што усмртува поголем дел од човечката популација.
– Беше извесно дека еден ден ќе се случи пандемија како ковид-19. Никогаш немаше дилема дека во нашето општество, каде што патувањето е основен дел од секојдневието, порано или подоцна, ќе се појавеше вирус што ќе се прошири во олкави размери… Тоа што го чувствувам не е баш паника. И тоа не е баш страв. Мислам дека повеќето луѓе се чувствуваат како мене – депресивно и вознемирувачки е да се каже дека не треба да излезете. Зашто, ако излезете надвор, ќе го фатите вирусот или ќе заразите некого – вели писателот, откривајќи дека поминува многу време во пишувањето на својот нов роман за време на карантинот и истакна дека пишувањето е добар начин да се ослободи од стравот.


Еден до најдобрите автори на трилери во својата неколкудецениска кариера има објавено над 60 романи, шест научно-фантастични книги и околу 200 кратки приказни. Неговите дела се продадени во повеќе од 350 милиони копии, а повеќето добија и успешни ТВ и филмски адаптации. Добитник е на многу престижни награди за фикција, како и за неговиот влог во светската литература.
Издавач на неговите книги на македонски јазик е „Арс Ламина – публикации“, под чијшто импринт „Арс Либрис“ објавени се: „Кери“, „Тркачот“, „Сјаење“, „Доктор Сон“ и серијалот „Зелената милја“ („Двете мртви девојчиња“, „Глувчето на Милјата“, „Дланките на Кофи“, „Ужасната смрт на Едуар Делакроа“, „Патување во ноќта“, „Кофи на Милјата“).
Книгите се достапни за онлајн-нарачка на следниот линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.