Второ издание на „Зошто јас?“ од Мартин Јованоски

Неполни три месеци по официјалната промоција, објавено е второ издание на книгата „Зошто јас?“ (Мојата борба со анксиозноста, стравовите и со паничните напади) од Мартин Јованоски.
Првиот тираж на книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше распродаден брзо по промоцијата, која се одржа на 11 февруари во просториите на „МладиХАБ“. „Зошто јас?“ е едно од најбараните изданија во книжарниците „Литература.мк“ и на веб-страницата http://www.literatura.mk оваа година.
„Зошто јас?“ е прашање што секој од нас си го поставил во одреден момент од животот. Во потрагата по одговорите се насетуваат два избора: тешките искуства за некого ќе бидат нешто што само ќе го преживее, а за некој друг – нешто што ќе го врати во живот. Да се напише оваа книга е да се допре душата на секој од нас, но и личен терапевтски процес. Ставањето на хартија на нашите искуства и доживувања е навистина лековито искуство. Моментот во кој тие ќе заиграат пред нашите очи и ќе ја прочитаме својата приказна е момент во кој сме си ја дозволиле ранливоста, сме го скротиле егото и сме ѝ дале светлина на внатрешната реалност. Тој момент е истовремено и моќен, бидејќи само од позиција на препознавање на својата вистина и љубов за себе можеме да го исцелиме она што боли. За сите вас кои сте ја запознале анксиозноста, ова четиво ќе ви биде вистински скапоцено, бидејќи ќе станете свесни дека не сте осамени во тоа искуство. Таа доаѓа во повеќе форми и може да зборува на различни јазици, но секогаш претставува покана за една поинаква средба со себеси.
– Книгата „Зошто јас?“ ја замислив како финале на мојата долготрајна борба. Искрено четиво без шминка и цензура, без никакво оптоварување како ќе звучат најголемите стравови испишани на хартија. Подадена рака до останатите како мене, потсетник дека ништо не е готово, колку и да се чини тешка и нерешлива ситуацијата во моментот. Очајот, бесот и болката со кои бев исполнет вечерта кога решив да ја создадам „Зошто јас?“, ми послужија како гориво за да ја истурам фрустрацијата и беспомошноста и да го напишам делот број еден. Научените лекции, проширените видици и мирот кој го почувствував во себе, во меѓувреме ги испишав во вториот дел. Ги споив двата дела и излезе нешто едноставно и чисто, нешто различно од сѐ што досега ни е понудено поврзано со анксиозноста и распламтените нерационални стравови – изјави авторот.
Мартин Јованоски е роден 1989 година во Скопје. Во 2013 година дипломирал на Економскиот факултет, а во 2017 магистрирал на тема „Улогата на електронското работење во банките: анализа на капацитети и реални предизвици“. По стекнувањето со лиценца за овластен сметководител, се вклучува во понатамошното унапредување на постојниот семеен бизнис од областа на финансиско-сметководствениот консалтинг.
Книгата „Зошто јас?“ е негово прво авторско дело, пишувано исклучиво од сопственото искуство во борбата со анксиозноста, паничните напади и депресијата, а мотивирано единствено од желбата да го поштеди читателот од сопствениот пекол. Книгата ја истакнува важноста на менталното здравје и хигиена, а истовремено дава одговор на најважното и најчесто поставувано прашање: „Зошто јас?“.
Книгата е достапна во книжарниците „Литература.мк“, а онлајн може да се нарача на следниот линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.