На денешен ден (15 април) во 1452 година во Винчи, Италија, е роден легендарниот уметник Леонардо да Винчи. Со биографијата од Хенри С. Џилиет, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, го одбележуваме роденденот на Да Винчи, кој е отелотворение на поимот „ренесансен човек“.
Надарен со љубопитност и остроумност, Да Винчи ги истражувал природните закони, што влијаело на неговата работа како сликар, скулптор, архитект, изумител, воен инженер и технички цртач. Неговите идеи и дела – што ги вклучува „Последната вечера“ и „Мона Лиза“ – извршиле влијание на безброј уметници, а Да Винчи го зацврстиле на водечката позиција во италијанската ренесанса.
Oва извонредно забавно биографско дело дава одлично оформена слика за животот и особините на еден од најголемите умови во историјата. Генијалноста на неговите замисли одекнува низ понорот на вековите, а со оваа светски популарна книга веројатно ќе дознаете и зошто.
Книгата е достапна во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк.