Книгата е подарок што може да го отворате повеќе пати. Тој е траен и вреден дар за најмладите, со кој учат, развиваат фантазија и квалитетно го исполнуваат слободното време. Ви препорачуваме неколку книги во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, кои може да ги подарите на најмладите за време на велигденските празници. Тематиката и илустрациите се поврзани со симболите на овој празник, но пораките се универзални.
1. „Мистериозното јајце“ од Оливер Коларевски
Најдобрите другарчиња Дени, Лука, Ана и Оливер пронаоѓаат едно џиновско и крајно мистериозно шарено јајце. Што ли се крие во него? Секое од децата замислува што би можело да има во јајцето, а Оливер си мечтае дека во него има малечко розово слонче. Слонче? Па, кој слушнал слонче да излезе од јајце? Слончињата не се раѓаат од јајца, за разлика од птиците, кокошките, диносаурусите и змејовите. Како ли ќе се разреши оваа гооолема мистерија и што навистина се крие во јајцето?
Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.
2. „Три шарени јајца и една лоша маца“ од Билјана С. Црвенковска
Оваа картонска сликовница е симпатичен подарок за најмладите. Преку интересните и вивидни илустрации децата ќе ја развијат својата имагинација. Читајте заедно и поставувајте им прашања. Потоа може да ги нацртете шарените јајца и да ја раскажете приказната на свој начин. Во меѓувреме откријте што се случува кога една лоша маца ќе наиде на три шарени јајца?
Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.
3. „Приказната за зајaчето Питер“ од Беатрикс Потер
Оваа книга ги следи доживувањата на малото немирно зајаче Питер, кое се протнува во градината на господинот Мекгрегор, па почнуваат да му се случуваат секакви неволи. „Приказната за зајaчето Питер“ е една од оние безвремени книги што повеќе од сто години ги плени срцата на децата ширум светот. Следуваат и „Приказната за Бенџамин Зајчевски“ – приказна за братучедот на зајачето Питер – Бенџамин. Во оваа приказна Беатрикс Потер раскажува за авантурите на овие две зајачиња во градината на господинот Мекгрегор и што се случува кога ќе се сретнат со една мачка.
Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.
4. „Приказната за Бенџамин Зајчевски“ од Беатрикс Потер

Ова е приказна за братучедот на зајачето Питер – Бенџамин. Во оваа приказна Беатрикс Потер раскажува за авантурите на овие две зајачиња во градината на господинот Мекгрегор и што се случува кога ќе се сретнат со една мачка!
Оваа и останатите книгите од култната авторка Беатрикс Потер на македонски јазик, во издание на „Арс Ламина – публикации“, се достапни во книжарниците на „Литература.мк и онлајн преку следниот линк.
5. Серијал „Деца-цветови“ од Елизабет Гордон
„Деца-цветови“ е збирка од кратки детски песни за цвеќињата што цутат во текот на целата година, од која децата ќе научат разни нешта за најубавите растенија во природата. Секоја илустрација е половина цвеќе и половина дете, што преставува забавен начин децата да се препознаат себеси во светот на природата.
Овие илустрирани класици може да ги нарачате онлајн на следниот линк:
https://www.literatura.mk/ListBooksByAuthor.aspx?aut=7164