„Светлина зад ридот” – книгата по која е снимена македонската ТВ-серија „Опстанок”

Една од омилените телевизиски серии на повеќе генерации, „Опстанок“, е снимена по книгата „Светлина зад ридот“ од Трајче Крстески деновиве повторно е актуелна. Серијата, која е снимена 1990-91 година во продукција на „ТВ Скопје“, се емитува на новиот МРТВ 5 канал, кој е фокусиран на детска и образовна програма. Веројатно повеќето добро ја знаат приказната за четирите дечиња Босилка (Елена Зафировска), Петре (Дејан Велков), Анѓа (Катерина Ангелова), Стојанче (Сашо Софрониевски), кои едно спарно летно попладне, пред почетокот на учебната година, качени на сплавот среде реката и занесени во рибарењето, не забележауваат дека наближува бура. Додека заслепени од молњите и задушувани од дождот што истураше се бореа со невремето, сплавот се откачи од сајлата и се пушти по реката! Како да се спасат? Дали да скокнат и да допливаат до брегот или да останат на сплавот?

Бурата ќе ги однесе во непроодните предели на Македонија. Но, за нивна среќа, ќе ги згрижи Осамениот (Мето Јовановски), кој живее сам со кучето Волчко, изолиран од цивилизацијата. Кај него ќе ја поминат зимата. Сценариото за серијата го напиша самиот автор на книгата Трајче Крстески.
Книгата „Светлина зад ридот“ е дел од едицијата „Лесно читливи лектири” во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“.
Изданието е достапно во сите наши „Литература.мк“ книжарници и онлајн за нарачка на следниот линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.