Што читаат книжевните клубови на холивудските ѕвезди во април?

 

Книжевнте клубови за читање на холивудските ѕвезди, изминатите години покрај тоа што ги промовираат новите интересни книги и автори, имаат големо влијание во поттикнување на читањето. Покрај веќе добропознатиот клуб на славната ТВ-водителката и активистка Опра Винфри, кој функционира од 1998 година, влијателни се и клубовите на Рис Витерспун (Hello Sunshine) и Ема Вотсон (Our Shared Shelf on Goodreads). На „Инстаграм“ се следат и препораките на Сара Џесика Паркер, Џена Буш Хегер, Ема Робертс и други. Дел од нив деновиве ги претставија своите книжевни фаворити за април.

 

Рис Витерспун: „Неименувано“ од Гленон Дојл

Актерката Рис Витерспун за овој месец ги предлага мемоарите на Гленон Дојл: „Неименувано“, во чиј фокус е незадоволството на жените од пристисокот што врз нив го прави општеството.

‒ Овој мемоар дава неверојатно богат увид на тоа што значи да се биде жена денес. Книгата зборува за тоа што научивме како млади девојки, за тоа како да се однесуваме или да веруваме и зошто треба да се ослободиме од повеќето идеи кои не функционираат. Оваа книга ми се обрати толку гласно и јасно… Најискрено, подвлеков важни поенти во СЕКОЕ поглавје ‒ напиша Витерспун на „Инстаграм“.

Сара Џесика Паркер: „Хотелот од стакло“ од Емили Сент Џон Мандел

Ѕвездата на серијата „Сексот и градот“ овој месец ја чита книгата „Хотелот од стакло“ од Емили Сент Џон Мандел. Таа вели дека многу била возбудена читајќи ја оваа книга, која доби навистина добри препораки и оценки. Романот го истражува пропаѓањето на една измамничка инвеститорска шема, како и исчезнувањето на една жена од брод на море.

Ема Вотсон: „Сексот и светскиот мир“ од Валери М. Хадсон

Никој не ја опишува книгата „Сексот и светскиот мир“ од Валери М. Хадсон подобро од Ема Вотсон, која има диплома по англиска литература од универзитетот Браун. „Книгата открива толку многу за состојбата на нашиот свет: Безбедноста, просперитетот, развојот, демократијата, правдата и светскиот мир јасно зависат и произлегуваат од тоа како се однесуваме кон жените и девојчињата“, вели таа на „Инстаграм“. „Со овој лесно читлив и детално истражуван учебник, авторката охрабрува холистички поглед, кога станува збор за националните и меѓународните односи.“

Џена Буш Хагер: „Валентајн“ од Елизабет Вотмор

Популарната американска новинарка Џена Буш Хагер ја избра книгата „Валентајн“ од Елизабет Вотмор. Станува збор за роман за насилството врз жените во еден мал нафтен град во Тексас, во седумдесеттите години на минатиот век. „Валентајн“ е убава приказна за правдата и откупот, благодатот и силата ‒ сподели Буш Хагер на „Инстаграм“.

 

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.