Освежено со нова корица, неодамна од печат излезе второто издание на популарниот роман за млади „Анаис од Монмартр“ од Јана Мишо, кој е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Романот во оригинална верзија е напишан на англиски јазик („Anais from Monmartre”), а на македонски е објавен во 2017 година. Важи за една од најчитаните романтични комедии од современ македонски автор, а достапна е во книжарниците „Литература.мк“. Изданието со новата корица (на англиски јазик) беше премиерно претставено на македонскиот штанд на МАИ на последното издание на Саемот на книгата во Франкфурт.

Изданието со новата корица (на англиски јазик) беше премиерно претставено на македонскиот штанд на МАИ на последното издание на Саемот на книгата во Франкфурт
Главниот лик во книгата, Анаис Мишел, со куфер во едната рака и транспортер за мачки во другата, доаѓа во Париз со амбиција да ја пронајде личноста што еднаш ја напушти – себеси. Но, нештата не се такви какви што ги остави некогаш. Нова маќеа, заборавен пријател и нескротлив страв од тоа „што ако не постои професија што може да ме направи среќна“, водат до серија неочекувани настани, вино, кафе и комплициран однос со еден… дечко. Сериозно, колку може да е тешко да се пронајдеш во град како Париз? Би се изненадиле.
Покрај „Анаис од Монмартр“ Јана Мишо е авторка и на „Скоро парижанка“, како и на романот за тинејџери „Јас сум Миа“ објавен минатата година.
Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.

Авторката Јана Мишо со првото издание на книгата за време на Саемот на книгат во Париз 2019 г.