Снежана Сани Богдановска: Со книгите никогаш не си сам, дури и во време на социјална изолација

Познатата новинарка и уредничка на списанието „Машки магазин“, Снежана Сани Богдановска, вели дека човек што чита никогаш не е сам, дури и во време на социјална изолација.
‒ Среќен е оној кој љуби да чита. Никогаш не му е здодевно. Никогаш не е сам, уште помалку осамен, нешто што е толку многу важно во овие денови на подарено време. А времето е драгоцено и нема подобар начин тоа да се облагороди од втурнувањето во морето од зборови. Книгите ви ја бистрат мислата, го јакнат менталниот имунитет и ја челичат волјата. Книги има толку многу, а време толку малку и веќе десетици наслови трпеливо го чекаат својот ред. За периодот на изолација мојот избор на книги е малку еклектичен и разновиден, за различно расположение и различни мигови на доживување ‒ вели таа, испраќајќи ни ја својата топ 5 листа со изданија од „Литература.мк“, кои вели дека ѝ фатиле око и кои планира да ги прочита следниве недели.

1. „Сè е за*бано: книга за надежта“ од Марк Менсон

Од авторот на интернационалниот мегабестселер „Е, баш ме заболе“ доаѓа контраинтуитивен водич за проблемите со надежта. Живееме во интересно време. Материјално, сè е подобро од кога и да е, но некако сè изгледа како да е непоправливо и ужасно заебано. Што се случува? Ако некој може да ја именува нашата моментна малодушност и да ни помогне да ја решиме, тоа е Марк Менсон. Во „Сè е за*бано“, Менсон исцртува планини од психолошки истражувања базиран на безвременската мудрост на Платон, Ниче, Кант, па и на Том Вејтс, за да ги дисецира религијата, политиката, парите, забавата и интернетот. Со неговата препознатлива комбинација од ерудиција и хумор, Менсон нè предизвикува да бидеме почесни кон себеси, отворено спротивставувајќи се на нашите дефиниции на верата, среќата, слободата – дури и на надежта. Еден од најголемите модерни автори напиша уште една книга што ќе ја постави агендата на годините што доаѓаат.
Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.

2. „Другиот Ајнштајн“ од Мари Бенедикт

Станува збор за извонредна биграфска фикција што пишува за бурната љубов меѓу Милева и Алберт. Книгата открива многу историски детали за нивната врска, но и за времето во кое живееле. Мица Мариќ секогаш била различна од другите девојки. Во своите дваесетти години, повеќето веќе биле сопруги и мајки. Не учеле физика на елитен Универзитет во Цирих, ниту пак другите мажи се натпреварувале со нив во решавање равенки. Но, Мица била доволно паметна да знае дека за неа математиката е поедноставна од бракот. И тогаш, еден колега од нејзиниот факултет – Алберт Ајнштајн – ќе покаже интерес за неа. Како последица, нејзиниот свет ќе се сврти наопаку. Нивната врска не е само емотивна, туку и интелектуална. Но, се чини, во една врска има место за само еден гениј.
Книгата е достапна во книжарниците „Литература.мк“, и онлајн на следниот линк.

3. „И Чинг или Книга на промените“ од Рихард Вилхелм и Кери Ф. Бајнс

Чинг или Книгата на промените, е еден од првите напори на човековиот ум да се смести себеси во универзумот. Веќе три илјади години има силно влијание во Кина, а интересот за книгата се шири и кон Западот. Во зората на историјата била првично позната како книга на пророштва, Книгата на промените добила продлабочено значење кога на пророчките изјави им се вметнале етички вредности; станала книга на мудроста, а со текот на времето и една од петте класици на конфучијанството, и останала заеднички извор за филозофијата на конфучијанизмот и таоизмот.
Книгата е достапна во книжарниците „Литература.мк“, и онлајн на следниот линк.

4. „Уличниот мачор Боб“ од Џејмс Бовен

Џејмс е уличен музичар со проблематично минато што одвај врзува крај со крај. Боб е слаб и болникав уличен мачор во потрага по топло место за спиење. Кога една депресивна мартовска вечер во Лондон, првиот случајно ќе го сретне вториот, малкумина би можеле да претпостават дека шест-седум години подоцна, нивното незаборавно пријателство ќе стане предмет на една романескна исповед веќе преведена на барем шеесет и два јазика, обожаван бестселер на „Њујорк тајмс“, редовен дел од листата на најпродавани книги во Англија педесет и две последователни седмици. Сентиментален и трогателен, но никогаш мелодрамски и лажен, „Уличниот мачор Боб“ е приказна за вторите шанси и истрајноста пред најтешките предизвици, сведоштво за невидливите и трајни придобивки од искрената грижа за некое друго суштество, реален и многу жив споменик за моќта на љубовта што може да постои меѓу човек и животно. Токму онаа што сопствениците на миленичиња веќе многу добро ја познаваат.
Книгата е достапна во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк.

5. „Леонардо да Винчи“ од Хенри С. Џилиет

Oва извонредно забавно биографско дело дава одлично оформена слика за животот и особините на еден од најголемите умови во историјата. Генијалноста на неговите замисли одекнува низ понорот на вековите, а со оваа светски популарна книга веројатно ќе дознаете и зошто. Леонардо да Винчи е отелотворение на поимот „ренесансен човек“. Надарен со љубопитност и остроумност, Да Винчи ги истражувал природните закони, што влијаело на неговата работа како сликар, скулптор, архитект, изумител, воен инженер и технички цртач. Неговите идеи и дела – што ги вклучува „Последната вечера“ и „Мона Лиза“ – извршиле влијание на безброј уметници, а Да Винчи го зацврстиле на водечката позиција во италијанската ренесанса.
Книгата е достапна во книжарниците „Литература.мк“, и онлајн на следниот линк

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.