Македонско-австралиското „3-Блок Студио“ направи анимиран филм за глобалниот карантин


Огромен број од светската популација изминативе недели поради корона вирусот радикално го промени секојдневниот живот, а секоја индивидуа на свој начин се соочи со изолацијата. Работејќи надвор од традиционалниот канцелариски простор, македонско-австралиското „3-Блок Студио“ (3-Block Studio) го изработи „Карантин“ (Quarantine), краток анимиран филм за глобалниот карантин поради пандемијата.

‒ Иако сме навикнати на работа надвор од канцеларија, целата ситуација малку ни ги наруши студиските ангажмани, но, за среќа, денес сè што е потребно за ваков начин на работа е компјутер, интернет, добра екипа и малку креативност. Сепак, како и кај повеќето, така и нас, ни се појавија неочекувани промени во ритамот, па ни се отвори простор за експериментирање на наши проекти и оттаму се роди идејата за приказната ‒ вели Михаил Наумов.


Зад филмот стои петчлена екипа. Приказната е на Јакоб Ниланд, Михаил Наумов, Љубомир Саздовски и Иван Андреевски, кој, исто така, е режисер и потписник на сценариото. Арт-дирекцијата и дизајнот се на Наумов и Саздовски, кој е одговорен и за моделирањето и осветлувањето. Монтажата и анимацијата се на Наумов, а Андреевски стои зад дизајнот на звук. Музиката е на Владимир Петковиќ.

‒ Од креативна страна се обидовме да доловиме како секој од нас би се справил со ваков застој на секојдневиот ритам во кој живееме, а од техничка страна пробавме да претставиме традиционална техника на анимирање, како Stop Motion, (која се работи практично, со физички кукли и фотоапарти), преку дигиталните алатки и 3Д-анимацијата. Беа користени мошне стандардни софтвери за ваков вид работа. Главно, Autodesk Maya и Adobe After Effects, како и неколку дополнителни софтвери ‒ истакнуваат од студиото.
„3-Блок Студио“ (3-Block Studio) работи за aвстралискиот и балканскиот пазар и е најактивна во полето на 3Д и 2Д анимацијата, изработка на визуелни ефекти, како и осмислување и создавање анимирани ликови ‒ карактер анимација.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.