Јелена Спенџарска: Читам книги за силни жени и изданија со совети за поквалитетен живот

Популарната ТВ-водителка од „Канал 5“ и инфлуенсерка на социјалните мрежи, Јелена Спенџарска, слободното време во периодот на изолација го поминува читајќи книги. Нејзиниот избор на наслови од „Литература.мк“ го сочинуваат бестселери, книги од и за инспиративни жени, мотивациски книги и изданија со совети за поквалитетен живот.

1.„Мала книга за хиге: данскиот начин на добро живеење“ од Мајк Викинг

 


За Данска често се вели дека е најсреќната земја во светот. А тоа се сведува на една работа – хиге. Хиге се преведува на најразлични начини, од уметност на создавање блискост, преку пријатна душевна удобност, па до црпење задоволство од присуството на смирувачки нешта. А мојот омилен опис е – какао под светлина од свеќи… Кога ќе го почувствуваш она што се нарекува хиге, едноставно го знаеш тоа. Тоа е она кога си стуткан на каучот со саканата личност или кога јадеш заедно со најблиските пријатели. Тоа се оние јасни сини утра кога светлината што ти влегува низ прозорецот е токму онаа вистинската. А никој не може да ти биде подобар водич за сето она што се подразбира под хиге од Мајк Викинг. Мајк е генерален директор на Институтот за истражување на среќата во Копенхаген и има поминато многу години во проучување на магијата на данскиот начин на живот. Почнувајќи од изборот на вистинското осветлување и сè околу планирањето забава, преку создавањето комплет за хиге прва помош, па дури и во однос на изборот на облека, оваа прекрасна и инспиративна книга на Мајк ќе ти помогне да бидеш по-хиге.

„Мала книга за хиге“ е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.

2. „Becoming: Мојата приказна“ од Мишел Обама


Автобиографската книга „Becoming: Мојата приказна“ од Мишел Обама, минатата година уриваше рекорди во светски рамки и е на добар пат да стане најпродаван мемоар на сите времиња… Мемоарите на г-ѓа Обама се објавени на повеќе од 30 јазици, меѓу кои и на македонски. Македонскиот издавач – „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ја објави книгата на нашиот пазар, само неколку месеци по објавувањето во САД. Книгата е поделена во три дела: „Како настанав јас“, „Како настанавме ние“ и „Како настанавме уште повеќе“, а во нив пишува за своето детство, студентските денови, расизмот, бракот со поранешниот претседател на САД, Барак Обама, за нивните ќерки и искуството во политиката.

Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

3.„Е, баш ме заболе“ од Марк Менсон


Во оваа книга-водич за самопомош, што дефинира една цела генерација, авторот, кој е суперѕвезда во блогерските кругови, не нè замајува со глупости од типот дека треба постојано да се обидуваме да бидеме „позитивни“, за навистина да станеме подобри и посреќни луѓе. Веќе со децении ни се сервира тезата дека позитивното мислење е она клучното што води кон среќен и исполнет живот. Но, Марк Менсон вели: „Море, кој ја ’врти‘ позитивноста. Да бидеме искрени – нештата се зафркнати, но немаме друг избор освен да живееме со нив онакви какви што се“. На неговиот многу популарен блог на интернет, Менсон ниту ја бојадисува стварноста во розово, ниту ја заобиколува. Тој ги изложува работите токму онакви какви што се, што е една вистинска доза необработена, свежа и искрена вистина – нешто што денес навистина ни недостига.

Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

4.„Сè е за*бано: книга за надежта“ од Марк Менсон


Од авторот на интернационалниот мегабестселер „Е, баш ме заболе“ доаѓа контраинтуитивен водич за проблемите со надежта. Живееме во интересно време. Материјално, сè е подобро од кога и да е, но некако сè изгледа како да е непоправливо и ужасно заебано. Што се случува? Ако некој може да ја именува нашата моментна малодушност и да ни помогне да ја решиме, тоа е Марк Менсон. Во „Сè е за*бано“, Менсон исцртува планини од психолошки истражувања базиран на безвременската мудрост на Платон, Ниче, Кант, па и на Том Вејтс, за да ги дисецира религијата, политиката, парите, забавата и интернетот. Со неговата препознатлива комбинација од ерудиција и хумор, Менсон нè предизвикува да бидеме почесни кон себеси, отворено спротивставувајќи се на нашите дефиниции на верата, среќата, слободата – дури и на надежта. Еден од најголемите модерни автори напиша уште една книга што ќе ја постави агендата на годините што доаѓаат.

Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.

5. „Стоте највлијателни жени во историјата“


Оваа мала збирка ги открива најинвентивните и најинспиративните жени во историјата: од Клеопатра до Роза Паркс, од Ада Лавлејс до Малала Јусафсај. Низ историјата, жените храбро и неуморно се бореле за да се наметнат како индивидуи и експерти во својата област, нешто за што повеќето мажи го имале луксузот да си го земаат здраво за готово. Инвентивни дизајнерки, вселенски истражувачки, пилотки, политички активистки и феминистки, уметници, професорки, владетелки и лидерки.
Сите овие инспиративни жени имаат нешто заедничко: сите се борци, кои продолжуваат да нè инспирираат во нашите современи животи. Ова е причината зошто тие заслужуваат јавно признание и зошто тие се релевантни денес, исто како што биле и некогаш.

Книгата е достапна за онлајн нарачка на следниот линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.