Излезе од печат „Другиот Ајнштајн“ – роман за бурната љубов меѓу Алберт и Милева

Романот „Другиот Ајнштајн“ од Мари Бенедикт излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за извонредна биграфска фикција што пишува за бурната љубов меѓу Милева и Алберт. Книгата открива многу историски детали за нивната врска, но и за времето во кое живееле.
Мица Мариќ секогаш била различна од другите девојки. Во своите дваесетти години, повеќето веќе биле сопруги и мајки. Не учеле физика на елитен Универзитет во Цирих, ниту пак другите мажи се натпреварувале со нив во решавање равенки. Но, Мица била доволно паметна да знае дека за неа математиката е поедноставна од бракот. И тогаш, еден колега од нејзиниот факултет – Алберт Ајнштајн – ќе покаже интерес за неа. Како последица, нејзиниот свет ќе се сврти наопаку. Нивната врска не е само емотивна, туку и интелектуална. Но, се чини, во една врска има место за само еден гениј.
Авторка на книгата, Мари Бенедикт, е адвокатка од САД која, покрај плодната кариера во врвни адвокатски фирми, чувствува незадржлив порив да пишува за непознатите приказни на познатите жени. И добро е што чувствува, бидејќи таа се открива како извонреден автор кој со своите читки, интересни, а истовремено продлабочени осврти на познатите жени низ историјата, одговара на многу прашања и отвара нови. Пишувајќи и под псевдонимот Хедер Тирел, го привлекува вниманието како на читателската публика, така и на критиката, па нејзините книги брзо напредуваат кон статусот на меѓународни бестселери.
Книгата е достапна во книжарниците „Литература.мк“, и онлајн на следниот линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.