Различни книги со исти корици

Веројатно се согласувате со добропознатата мисла не суди ја книгата по корицата. Оваа мудрост особено важи во ситуации кога некоја одлична книга е „спакувана“ во не толку атрактивна корица.
Но, исто така, може да важи и кога две или повеќе (различни) книги имаат иста корица. Неретко, во книгоиздавачката индустрија се среќаваат наслови од различни автори, кои имаат иста или слична насловна страница.
Веројатно се прашувате како е можно тоа? Во ова глобално време на споделување уметност на интернет, кога на разните интернет-страници за продажба или беспалтно поставување на фотографии или илустрации, често се случува една иста слика да се појави на неколку различни книги.
Во основата, често станува збор за книги од областа на белетристиката, со слични проблематики, на пример, љубовни прикзни со главна женска хероина или, пак, напнати трилери и мистериозно убиство…
Во продолжение се неколку колажи со исти корици, за различни наслови. Што мислите, која од креативите е посоодветно избрана? Дали насловната страница во двата (или повеќе) случаи ќе ве инспирира да ги купите и да ги прочитате двете книги? Имате ли две различни книги со иста корица во својата домашна библиотека?

 

 

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.