НОВО: Романот „Змејови од хартија“ од Мира Оташевиќ, објавен на македонски јазик во издание на „Арс Ламина“

Романот посветен на културната парадигма на „Баухаус“, „Змејови од хартија“ од писателката Мира Оташевиќ деновиве излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за врвно книжевно остварување по повод стогодишнината од формирањето на влијателниот образовен центар на модерната уметност, „Баухаус“. Ова е прва книга на истакнатата српска авторка Мира Оташевиќ (1944 – 2019) објавена на македонски јазик, по иницијатива и во превод на преведувачката Алида Муча.

Романот „Змејови од хартија“ ја следи возбудливата биографија на архитектот Селман Селманагиќ кого животната матица, од родната Сребреница го однела во престижната уметничка школа „Баухаус“ во Германија, во која се образуваа повеќе генерации авангардни творци, создадоа сопствен, препознатлив и примерен стил и влијателно движење во модерната и постмодерната уметност, особено во архитектурата, сликарството, дизајнот, фотографијата и во други домени на современата уметност. „Баухаус“ го водеше елита од авангардни уметници и професори како Валтер Гропиус, Василиј Кандински, Паул Кле, Лудвиг Мис ван дер Рое, Ласно Мохољи Наѓи и други водечки модернисти кои, заедно со нацистичката документаристка Лени Рифенштал и филозофката Хана Арент и теоретичарот Ото Биџаљи-Мерин, се дел од бројните автентични ликови во овој роман чиј протагонист е архитектот Селман Селманагиќ.

По затворањето на авангардната школа од страна на нацистите, Селманагиќ успева да ја преживее војната опстојувајќи среде нацистички Берлин. Во еден момент го доживува својот судбински слом со апсењето, со неколку судбински игри на случајот успевајќи да преживее во суровите времиња до конечниот пад на нацизмот. И по војната тој останува во Берлин каде што успева да изгради меѓународна кариера на архитект со интернационален углед, живеејќи и работејќи во источниот дел од поделениот германски град и поделената држава.

Авторката на „Змејови од хартија“ Мира Оташевиќ е истакната писателка, чии книги, среде бујната белетристичка издавачка дејност во Србија, се издвојуваат според литературните квалитети и како финалисти во поголем број релвантни книжевни натпревари. Оташевиќ е комплексна авторска личност. Таа е прозаистка, драматург и теоретичарка на книжевноста и театарот. Ги објавила книгите „Споени садови“ (1980), романот „Магамал“ (1994), „Сестрата на Ниче“ (1999), „Бекет и јастогот“ (2005), „Змејови од хартија“ (2008), „Зоја“ (2012) и „Горгони“ (2018). Авторка е и ковторка на бележити драмски, документарни и други уметнички телевизиски творби.

Со објавувањето на романот „Земјови од хартија“ издавачката куќа „Арс Ламина“ се придружува кон униврзалното чествување на големиот јубилеј – заокружените 100 години од формирањето на престижната школа „Баухаус“ и нејзините иновативни творби и ингениозни личности кои се ликови во новообјавениот роман на Мира Оташевиќ. Мира Оташевиќ неочекувано почина кон крајот на минатата година. „Змејови од хартија“ е нејзино прво дело објавено на македонски јазик.
Книгата е достапна во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.