Природно убави со Биодевојка во домашни услови


Љубителите на органската козметика почнувајќи од неделата (5 април) можат во живо да проследат онлајн совети за нега од блогерката за убавина Вики Андонова. Преку нејзиниот профил на „Инстаграм“ @biodevojkav, покрај туторијалите како се изработува природна козметика во домашни услови, ќе имаат можност да поставуваат прашања и да се вклучат во дискусија.
Првото вклучување во живо беше вчера недела, на тема подготовка на крема за нега на рацете.
Денеска во 17 часот Андонова ќе зборува за антицелулитна нега. Таа во живо ќе подготвува скраб и масло. По ова, публиката ќе може да поставува прашања за антицелулитна нега.
Утре (вторник, 07.04.) во 15 часот блогерката ќе дава совети за на негата на лицето и ќе подготови на маски за лице, по што ќе следуваат блок прашања и одговори.
Вклучувањето в четврток (09.04) во 16 часот ќе биде посветено на промоција на книгата „Природно убави со Биодевојка“, во издание на „Арс Ламина“, а авторката ќе одвои време и за прашања и одговори за природна козметика. Следниот ден (петок, 10.04.) во 12 часот Андонова ќе покаже како правилно се нанесува кна на косата.
Онлајн обуката в недела (12.04), која ќе почне во 15 часот, ќе биде посветена на нега на косата со фокус на маслен третман (како се прави, како се нанесува и колку време се држи). Потоа ќе следува дискусија со фановите.
Покрај вклучувањата на инстаграм-профилот, Андонова ќе споделува содржини и на својот фејсбук-профил: @biodevojka. Нејзините следбеници ќе проследат рецепт за депилација со шеќер, а ќе следуваат и видеа со совети за подготовка на телото за летниот период, со рецепти за стапалата, рацете, лицето, целулитот и друго. Првото вклучување беше вчера,  на тема проширени пори и природни средства со подготовка на маска од книгата „Природно убави со Биодевојка“. Во вторник (07.04) во 12 часот ќе презентира подготовка на гел од ленено семе за нега на косата. В четврток (09.04.) во 13 часот во живо ќе подготви природен дезодоранс со сода бикарбонат и ќе даде совети за правилен избор на дезодоранс.
Книгата „Природно убави со Биодевојка“ од Вики Андонова е достапна во книжарниците „Литература.мк“, а може да се нарача онлајн на следниот линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.