Во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ деновиве од печат излезе бестселерот „Анонимна девојка“ од Грир Хендрикс и Сара Пеканен.
Се бараат млади жени на возраст од 18 до 32 години да учествуваат во студија за етика и морал. За учеството е ветена великодушна компензација, плус анонимноста е загарантирана. Кога Џесика Фарис ќе се пријави да учествува во психолошката студија спроведена од мистериозната д-р Шилдс, мисли дека сè што треба да направи е да одговори на неколку прашања, да ги земе парите и да си оди. Но, како што прашањата стануваат сè поинтензивни и поинвазивни, а сесиите со сè повеќе барања, од типот што да облече и како да се однесува, Џес почнува да чувствува како д-р Шилдс да знае што мисли… и што крие.
Како што расте паранојата на Џес, станува јасно дека веќе не може да разликува што е реално во нејзиниот живот, а што е дел од манипулативните експерименти на д-р Шилдс. Заробена во мрежата на измама и љубомора, Џес мошне брзо сфаќа дека некои опсесии можат да бидат смртоносни. Книгата е достапна во книжарниците „Литература“ , a за онлајн нарачките има 20 % попуст до 7 април на следниот линк.