Двете сестрички Марија и Маги, кои се популаризираа со својот јутјуб-канал „Читаме со Марија и Маги“, каде што зборуваат за книгите што ги читаат, направија листа со своите топ 5 книги за деца од „Литература.мк“, што препорачуваат да се прочитаат за време на изолацијата. Во продолжение се поединечните листи на двете млади љубителки на пишаниот збор.
Омилените топ 5 книги на Марија
1. „Хари Потер и Каменот на мудроста“ од Џ. К. Роулинг
Воодушевувачки возбудлива и оригинална! Полна со фантазија и волшепства! Ова е книга која не ти дава да дишеш додека не ја завршиш! Прекрасна!
Книгата е достапна на следниот линк.
2. „24 часа во Еднорозија“ од Јасмина Кантарџиева Димков
Една приказна која лета заедно со времето! Магична книга која просто те вовлекува!
Книгата е достапна на следниот линк.
3. „Принцезата и гоблинот“ од Џорџ Мекдоналд
Волшебна книга со необична приказна која поттикнува на размислување и откривање!
Книгата е достапна на следниот линк: https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=11737
5. „ТКЦП“ серијал од Билјана С. Црвенковска и Здравко Гиров
Забавни и фантастични! Брзо се читаат, замислуваат и развеселуваат!
Книгите се достапни на следниот линк.
5. „Загадочни приказни“ серијал од Урош Петровиќ
Мистериозни приказни со логички загатки – совршени за исполнување на слободното време на целото семејство со слатки одгатнувачки маки.
Книгите се достапни на следниот линк.
Омилените топ 5 книги на Маги
1. „Јип и Јанеке“ од Ани М. Г. Шмит
Оваа книга ја препорачувам затоа што е многу смешна. Може да ја читаат и поголеми и помали и да се смеат на глас! А откако ќе се прочита, супер е за играње како Јип и Јанеке.
Книгата е достапна на следниот линк.
2. Серијал „Кралот Светкошорц“ од Енди Рајли
Серијалот за „Кралот Светкошорц“ од Енди Рајли ми се допаѓа на сличен начин како и „Јип и Јанеке“, многу е смешен. 🙂 Претпоставувам дека на многу деца ќе им се допаѓа за читање на глас и глумење во слободното време.
Книгите од овој серијал се достапни на следниот линк
3. „Мистериозното јајце“ од Оливер Коларевски
Оваа книга е мистериозна и интересна. Со неа слободното време ќе ви биде исполнето со возбуда, особено ако ја читате околу Велигден.
Книгата е достапна на следниот линк.
4. „Ѕвездено дете“ од Ване Костуранов
Приказната е ѕвездена и волшебна! Толку е едноставна и убава што кога јас ја прочитав бев целосно восхитена! Ја препорачувам и за деца помали од 6 години. Мислам дека на сите особено ќе им се допаднат прекрасните слики на Ване Костуранов.
Книгата е достапна на следниот линк.
5. „Девојче и мече“ од Ване Костуранов
Мислам дека оваа книга посебно ќе ги привлече малите деца кон игрите со кадифени играчки и ќе ги одушеви.
Книгата е достапна на следниот линк.