Калиопи Трпчева предлага топ 5 книги за време на изолацијата

Сликарката и графичка дизајнерка, авторка на „Радосница“, Калиопи Трпчева, покрај тоа што активно црта и е посветена на своите деца овој период, одвојува време и за читање книги. Во нејзината листа со препораки на изданија од „Литература.мк“ вклучува книги кои им ги чита на своите деца, но и наслови за возрасни. Ова е нејзината топ 5 листа со препораки за читање за време на изолацијата.

1. „Брзосплетковска 63 и случајот со смрдливите чорапи“ од Катерина Трајановска

Во средиштето на „Брзосплетковска 63 и случајот со смрдливите чорапи“ е детската игра, конкретно, авантурите на главните ликови: Лили, Мечкина Канџа, Змејски Очи, Зиги и Гризли. Оваа приказна не почнува со еден убав сончев ден на ливада, ниту, пак, со викенд на градската плажа. Па, дури ниту со прошетка во продавницата за дрвени играчки. О, не! Таа почнува на најсмешен, најчуден и најневеројатен начин, кога Оливер Томпсон Мекензи III, едно петгодишно дете од Шкотска, одбило да се капе во недела – одлука што длабоко ги вчудовидела и стаписала неговите родители. Оли стоел цврсто на својот став: не прифаќал ниеден компромис и одбивал по секоја цена да ги стави нозете во водата, која, како и обично, мирисала на градина со зрели малини. Дури кога конечно го прашале зошто не сака да се капи, Оли им раскажал на своите родители за еден настан што вклучува една дружина од петмина, една метла, една Вештерка, една пита од брокули и, како да ви кажам, еден пар смрдливи чорапи.
Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

2. „Бајки од Македонија за цела година“

Ова издание ги содржи најубавите бајки од македонската народна традиција. Дали сте чуле за девојката Злата Позлатена? А за мома Тантелина и волците? Кој ја знае приказната за ламјината ќерка Црнодреха? А сакате ли да дознаете зошто еден кнез се научил да плете кошници? И кој бил змејот од Пелистер? Ова богато илустрирано издание содржи 52 македонски бајки и басни од нашата фолклорна традиција што се читаат во текот на целата година, а читателите се запознаваат со многу нови интересни ликови кои се соочуваат со разни предизвици. Приказните во оваа книга ќе ја разбудат фантазијата на секое дете кое со возбуда ќе сака да ги прераскажува повторно и повторно.
Во новата едиција „Бајки од Македонија за цела година“, покрај четирите веќе промовирани бајки од Македонија, има уште 48 нови приказни, меѓу кои: „Силјан штркот“, „Цане и ламјата“, „Змејот од Пелистер“, „Принцезата војник“, „Принцезата Ѕвезда и лошата царица“, „Тројцата царски синови и трите јаболкници“ итн. Изборот и адаптацијата на бајките е на Билјана С. Црвенковска, уредник во „Арс Ламина“.

Книгата може да се нарача онлајн на следниот линк.

 

3. „Мајки-блогерки“ од Холи Вејнрајт

Запознајте ги трите жени што ги живеат своите животи на интернет, секоја од нив со следбеници, сметана за идол, имитирана, исмевана и „тролана“. Ел Кембл е дотерана, „стегната“ мајка со дефинирани и цврсти стомачни мускули, десетгодишен план и сложено минато. Аби Блек се откажала од јадење шеќер, се преселила на село и дома ги школува нејзините тинејџери со променливо расположение. Лајзел Адамс ја работи напорно својата канцелариска работа секој ден пред да јурне накај дома, полна со вина, за да помине бесценети моменти со нејзините три деца пред спиење. Заштитен знак за сите три, во кој уживаат или ги згрозува, е мајки-блогерки. И врските не застануваат таму… Кога сите три се номинирани за престижната награда за блогери со богата парична награда, на сцена доаѓа брутална и често смешна бoрба на срца и умови − и кликнувања. Како што се приближува ноќта на доделувањето на наградите, нивните лаги стануваат поголеми, маркетиншките трикови сè полуди − и станува сè потешко да се скријат некои грешки од минатото. „Мајки-блогерки“ е остроумен и смешен приказ на моќта на социјалните медиуми и жените зад „лајковите“, споделувањата и филтрите. Оваа книга се смета за најсвежиот, најхумористичен глас во фикцијата, по Лијан Моријарти.

Книгата е достапна за онлајн нарачка преку Literatura.mk на следниот линк.

4. „Скоро парижанка“ од Јана Мишо

Девојка во бајковита љубовна врска со Париз, живее совршено уреден живот во нејзиниот стан на „Гар ду Нор“, со прекрасна работа и со многу кафе. Сепак, едно истурено кафе, една загубена работа и една мала поплава подоцна, и се чини дека Париз не е секогаш најдобрата идеја – особено што секоја пригода ја користи да се подбива со хероината. Ѝ подметнува комплицирани врски, еден случаен татковски расположен лик и една незамислива симпатија кон човек што дотогаш не го ни забележувала… одличен рецепт за активирање на еден куп мали проблеми.

Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

5. „Танц околу Сонцето“ од Ведрана Рудан

Во книгата, искрено и без разубавување, Рудан пишува за своето ниту малку безгрижно детство, за децата и внуците, за патот што го поминала од продавачка на сладолед на плажа, до најчитаната писателка во регионов. За тоа, зошто во социјализмот било неможно да се добие отказ и како станала првата новинарка која успеала да добие отказ во новиот хрватски демократски режим. Рудан ни покажува зошто во животот е најважно и најтешко без срам да се погледнеш себеси во очи.

Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.