Евроамбасадорот Самуел Жбогар гостин во „Астрорум“

Шефот на делегацијата на Европската Унија во нашата земја, Самуел Жбогар, гостува во новото издание на емисијата „Остани дома во Астрорум“. Премиерно емисијата ќе биде емитувана утре (04.04, сабота) во 13 часот и репризно в недела во 13 часот на „Телевизија 24“.
Досега, македонската јавност имаше можност да се запознае со Жбогар главно преку неговите медиумски појавувања на дипломатски теми, а сега за првпат во ова интервју тој ѝ се претставува на нашата публика на малку поинаков начин. На прашањата на нашата уредничка Бранка Костиќ-Марковиќ, тој говори за животот и менаџирањето на обврските во овие вонредни услови, потоа за својата младост во Словенија, за омилената литература, планинарењето и маратоните, како и за луѓето, местата и случките со кои се збогатил за време на неговиот четиригодишен мандат во нашата земја.

Инаку, евроамбасадорот Самуел Жбогар е роден на 5 март 1962 година во Постојна, Република Словенија. Својата младост ја поминува во Нова Горица, каде што го завршува основното и средното училиште, а потоа заминува во главниот град и дипломира на Одделот за меѓународни односи на Факултетот за општествени науки на Универзитетот во Љубљана. Во неговата 22-годишна кариера како дипломат, господинот Самуел Жбогар е вклучен во сите поголеми политички проекти на словенечката надворешна политика и во развојот и стратегиите на Европската Унија. Функцијата на специјален претставник на ЕУ во нашата земја ја презема на 1 септември 2016 година, каде годинава успешно го заокружува својот четиригодишен мандат.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.