„Девојче и мече“ од Ване Костуранов – број еден сликовница во „Лагуна“

Само неколку недели по објавувањето на српски јазик, книгата за деца од Ване Костуранов, „Девојче и мече“ од Ване Костуранов е најпопуларна сликовница од белградската издавачка куќа „Лагуна“. На веб-страницата на престижниот српски издавач, втората книга од етаблираниот македонскиот илустратор и автор е меѓу најбараните книги за деца.
„Лагуна“ го најави објавувањето на книгата со анимирано видео на својот профил на „Јутјуб“.

Инаку, „Девојче и мече“ на македонски јазик излезе од печат минтата година во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Книгата се најде на престижната книжевна листа „The White Ravens“ 2019. Овој каталог е најважното издание на Интернационалната библиотека за млади во Минхен, кој се издава со цел да ги промовира најдобрите книги за деца и млади од целиот свет. Во објаснувањето стои дека се работи за листа на книги кои заслужуваат светско внимание поради универзалните теми што ги обработуваат, како и поради нивниот исклучителен уметнички и литературен стил. „Девојче и мече“ е првата книга од Македонија што се нашла на оваа листа.

„Девојче и мече“ е втора сликовница за деца и возрасни на Костуранов, по успешната и наградувана „Ѕвездено дете“. За време на саемот, „Девојче и мече“ ја освои првата награда за најдобро ликовно-графички уредено издание на доделувањето на годинашните награди од Македонската асоцијација на издавачи (МАИ).
Во книгата, едно девојче и едно мече ни ги отвораат вратите од нивниот свет, кој е исто толку обичен, колку што е необичен. Поминувајќи го сето време заедно, тие откриваат многу нови работи. Откриваат дека колку побрзо го возат велосипедот, толку посилно ветрот им ја дува косата. Се искачуваат на највисоките ридови, обидувајќи се да ги допрат сончевите зраци. Уживаат во есента, играјќи си криенка со сонцето. Сѐ прават заедно, додека еден ден…
Деновиве беше објавена и третата сликовница од Костуранов, „Девојчето и градот“.
Книгата „Девојче и мече“ е достапна за нарачка на следниот линк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.